• Latest

Тоалетна платформа за развлекување на кризата и замачкување на одговорноста

January 9, 2017

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Тоалетна платформа за развлекување на кризата и замачкување на одговорноста

January 9, 2017 17:07
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

И Младичот со кристалната топка, предраги постновогодишни лепотанки и лепотани мои, има нешто да каже околу Платформата на трите партии на Албанците, која деновиве ја преокупира јавноста, и е одличен показател до каде сме стасале, и во разбирањето, и во претставувањето на проблемите и решенијата за меѓуетничките односи.

Пишува: Петрит Сарачини
Пишува: Петрит Сарачини

Прво и најбитно, платформата на ДУИ, Беса и ДРДПА не е платформа на Албанците, бидејќи тие партии ни оддалеку не го претставуваат мнозинството на гласачите Албанци. Таа платформа е еден “чврч”. Тоа е звукот кој го испушта усвитено железо спуштено во вода. Но, тој “чврч” ќе ја развлече уште за некоја година општествената криза. И ќе ја продлабочи, секако.

Зад ултимативниот сет на услови создаден од коктел на рационални и ирационални барања, со разни зачини – од национализам до евро-атлантски курс, од барања за еднаквост и правда до барања за по-еднаквост и пикање прсти во окото на комшијата, всушност, се крие политиканство, тендер-патриотизам и обид да се релативизира одговорноста за неуспехот, криминалот, распадот на општеството, по сите шевови во изминатава деценија, а и повеќе…

ДУИ, нормално, е ороводец во оваа симултанка, кој најпрвин игра за себе, а потоа, и за своите партнери. Главниот карактер, клучот околу кој се врти играта. “Победникот” со преполовени пратеници, свесен за својот моментален капацитет, се обидува да најде “курбани” во Беса и ДРДПА (секоја од нив со својот башка есап, безбели), да ги нареди покрај себе за да понесат дел од багажот на партијата, која потфрли и разочара во секој аспект.

А пред секои избори, да потсетиме, се редеа големи зборови. Од спроведувањето на Рамковниот договор, преку Мајскиот договор – една од трите најважни функции да биде Албанец, консензуалниот претседател… И по избори, сето тоа се забораваше. Оти, како што велеше госпоѓа министерка, „тоа што го правиме ние, го прави и ДУИ”.

И сега, ете, ја оваа Платформа. Инспирирана и иницирана од Ахмети, со изим на Рама и Тачи, кои, секако, со овој потег повеќе гледаат да ќарат поени кај нивните гласачи и јавност, и уживаат во улогата на „татковци“ на Албанците од Македонија, без оглед колку тие средби вистински помогнале за изградба на ставовите, или дополнително ја усложнуваат сликата која блика од Платформата.

А сè можеше подобро. Но, за жал, албанскиот етнички политички кампус во Македонија се покажа далеку понезрел од својот електорат. Шанси за поправка сè уште има. Но, познавајќи ги, Младичот предвидува дека ќе преовладеат суетата, меѓусебните кавги, ќе има циркус… Секако, за неколку месеци најмногу, ќе следи распад на платформата.

Набрзо, драги мои, пред барањата на Платформата ќе се најдат и Груевски и Заев. Младичот прогнозира дека и двајцата не се подготвени да прифатат добар дел од условите на трите партии на Албанците.

Но, подготвен е да се обложи дека едниот од нив, мандатарот, ем долгогодишен партнер на Ахмети, би прифатил сè, дури и би се потпишал…, на тоалетна хартија. Пак. Дури и да одработи еден мандат фифти-фифти во поделба на ќарот, само за да куртули од СЈО и од одговорноста за заедничкиот криминал. Подготвен е да удри уште едно пропагандно перење на мозокот на своите гласачи, преку медиумската машинерија која сè уште верно му служи, дека тој „само привремено ќе попушти”, а откако ќе ја спроведе „десоросоизацијата”, лесно ќе се продолжи со деалбанизација, демуслиманизација, и така натаму, а богами и наваму.

Сите математики и ниети водат кон владата на МВРО, заедно со платформата на ДУИ, Беса, Села.., која пак, поради недостатокот на бројката од 81 пратеник, нема да може да ја реализира Платформата. Или, сепак, поради „багажот” што го носат 90-те проценти Албанци кои се против Груевски, истото ќе му се понуди на Заев. И, нема да помине, па ете нови избори, бидејќи ниту Заев и СДСМ, ќе ги немаат бројките за да ја исполнат платформата, нели….

Па, чуму воопшто пишување платформа за која однапред се знае дека не може да се спроведе? Е па, како што стојат работите, испаѓа дека е само за да се има изговор за поразот на политиката на партиите на Албанците, воопшто, досега. Пораз кој резултираше со губење на 7-8 пратенички мандати и одлевање на десетици илјади гласови на Албанците кај не-албанска партија. Сега, со одбивањето на неприфатливото, и Заев и Груевски ќе изгледаат исто. Така барем си мисли Ахмети и инспираторите на Платформата.

Што би се рекло, Младичот ви посакува што поугодно да ја поминете и оваа кризна 2017-та… И циркус, ова, циклус нови избори. Секоја година, нова криза и нови избори, само за вас, лепотани и лепотанки мои…

Tags: АхметиБесаДРДПАДУИЗаевМајски договорплатформаРамковен договорСДСМСела
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ