• Latest

Протести во Атина: Микис Теодоракис побара референдум за името

February 4, 2018

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протести во Атина: Микис Теодоракис побара референдум за името

February 4, 2018 16:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Грчкиот композитор Микис Теодоракис прв се обрати на големиот протест во Атина, свикан против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Славниот композитор упати остри критики до грчката влада, но и до нашата земја. Освен што кажа дека Македонија е грчка, тој побара и референдум, јави дописникот на МИА од Атина.

– Ако една грчка влада помисли да го стави потписот на земјата за сложено име, нема друг избор освен да го праша грчкиот народ. Упатувам повик до пратениците, кои го имаат тоа право да побараат референдум, рече Теодоракис.

Посочи дека тој и грчките граѓани не прифаќаат да бидат пасивни набљудувачи во период кога земјата се наоѓа во толку критичен момент.

– Јас сум патриот, го презирам и се борам против фашизмот во сите негови облици,но и во најопасниот облик – левоориентираниот, порача грчкиот композитор.

Во однос на прашањето за името ја спомена одлуката од 1992 на советот на лидерите на политички партии, под патронат на  тогашниот претседател, кога беше одлучено терминот „Македонија“ да не биде вклучен во името.

– Кое било отстапување од оваа позиција ќе има катастрофални резултати за земјата,  рече Теодоракис.

Во своето обраќање 93-годишниот грчки композитор, на граѓаните им порача дека се борел за единство на народот и дека „треба со овој проблем да се соочиме обединети“.

„Мики, ја менуваш историјата“, скандираа присутните, додека говореше грчкиот композитор.

Веднаш по говорот на Теодоракис, на присутните им се обрати митрополитот Доротеос како претставник на Светиот синод на ГПЦ.

Грчка полиција: 140 000 граѓани учествуваат во протестот

Од грчката полиција, преку соопштение, од Атина, наведуваат дека во центарот на Атина, учествуваат 140 илјади граѓани, а од цела Грција дошле со 283 автобуси. јавува дописникот на МИА

– Од 12 часот се одржува собир со учество на околу 140 илјади граѓани во делот на плоштадот Синтагма, на површина од околу 50 илјади метри квадратни, соопштуваат од грчката полиција.

Анархистите организираа контра протест

Паралелно со протестот на Синтагма, на оддалеченост од околу 800 метри, анархистички и антифашистички организации одржаа контра протест.

Полицијата со блокови од полициски автобуси, го подели просторот за да се избегне допир на двете групи и да се избегнат инциденти.

 


Извор: МИА

Фото: SOOC

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: анархистиантифашизамАтинаГрцијаимеМакедонијаМикис ТеодоракиснационализамПротестспор
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ