• Latest
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Трага

April 23, 2021

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Трага

April 23, 2021 08:34
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Не мора да се биде посебно мудар за да се каже дека дури и најдолгиот живот е краток. Некои на шега, во обид да се утешат, ќе кажат дека тоа не е точно, бидејќи животот е нешто што најдолго го правиме – живееме, колку и да е краток или долг животот. Сепак, без оглед на тоа, животот секогаш е краток. Можеби не изгледа така кога имаме 20 или 30 години, но кога ќе се качиме на ридот од средовечноста, гледаме колку брзо поминал животот. Секоја смрт, на знаен или незнаен, близок и сакан или далечен, трагична погибија или терминална болест кои го означиле крајот на секој што живеел во нашето време, само ја потврдува неминовноста и на нашиот последен час и нѐ опоменува дека крајот ги чека сите. И никогаш не е доста.

Во пресекот меѓу мудрите мисли за тоа дека е краток, но и дека е најдолгото нешто што го правиме, остануваат вредностите кои ги создаваме и ги носиме во себе. Не материјалните богатства, позициите и банкарското салдо, туку човечките вредности. Некој ќе постави дилема и за тоа дали вреди да се биде добар и да се негуваат вредностите, кога и онака ќе умреме. „Еднаш се живее…“ Да, еднаш се зживее, но смртта е засекогаш и ништо не можеме да направиме после неа, за да покажеме дека нашето постоење не било апсурдно. Само една шанса имате да оставите добар прв впечаток. Така и со животот – секогаш се живее првпат и тоа е единствената шанса да оставите добар впечаток. Или трага.

Секој миг на тој пат низ животот демне болеста, трагедијата, смртта… Часовникот отчукува и тогаш кога мислиме дека стои. И во бескрајните часови на здодевност и празнотија, ние сме во суперсоничниот воз на животот чија последна станица е извесна. Буквално на секој чекор, и на јаве и на сон, смртта е нашата студена и невидлива придружничка. Науката вели дека по неа, нас нѐ снемува, а нашите останки им се предаваат на земјата или огнот, сеедно. Вистински крај.

Но тоа што секој од нас го прави или не го прави во секој час од своето битисување, никогаш не останува без трага.

И кога ќе нè снема, кога нашите тела ќе ги изедат црви или прашината од нашите тела ќе тихува во некоја урна, додека не ја истури домашниот миленик или несмасниот гостин, остануваме да живееме во мислите и сеќавањата на луѓето, блиски и помалку блиски. Живееме на фотографиите, видео клиповите, во потписите на вирманите, примените поштенски пратки или на уметничките дела. Живееме во архивите, електронската вселена на интернетот и во сеќавањето на луѓето за нас.

Еве, дури и да има задгробен живот во било која форма (а нема), но нашиот вистински живот продолжува низ мислите и сеќавањата, трагите пишани и непишани, распоредот на садовите во кујната, мебелот во дневната соба, избледената дамка од опушокот на перницата (ех, баш кога навлаката беше нова)… Таму живееме.

И сета љубов останува, секоја нервоза, лутина, насмевка, добрина, успех и неуспех, секоја помош за блиските и за непознатите. Со секоја постапка оставаме трага на овој свет, како пеперутката што мавта со своите фини крилца и му дава невидлив поттик на ураганот на другиот крај на светот. Никој од нас не е безначаен, колку и да се чувствува немоќен и изгубен во бескрајниот океан од човечки суштества, добри и зли, мрачни и весели, моќни и немоќни, сиромашни и богати…

За смртта знаеме само додека живееме. И нејзиниот бескрај и ништавилото ги доживуваме додека сме живи. Тука е постојаната битка за опстанок, да оставиме трага и да го живееме животот после животот – додека сме живи – низ нашите постапки, колку и да се чини дека тие се безначајни.

Зошто тогаш да оставиме трага што е мрачна и валкана?

***

Оставете барем една светилка зад себе, секој ден. Кога ќе си заминете, ќе оставите силно осветлен живот зад вас…

 


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ