Разговор со Горан Трајков од „Гласно“, невладина организација од Штип, позната по своите активности во доменот на работничките права, особено во текстилната индустрија.
„Гласно“ деновиве организира мултимедијален фестивал, на чија програма се и работилници и средби во кои фокусот е идентификување на проблемите со кои се соочуваат граѓанките и граѓаните, како и на начините како да се врати довербата во институциите.
„Гласно“ го покани ЦИВИЛ – Центар за слобода да учествува на вториот ден од фестивалот, на средбата со организации и претставници на различни категории засегнати страни.
ЦИВИЛ учествуваше на фестивалот и со изложба на фотографии од Харалд Шенкер, чии дела беа изложени на мултимедијалната изложба „Хјуман рајц“ во 2013 година, во проектот „Проговори“, преку кој уметниците и интелектуалците говореа и твореа на темите човекови права и солидарност.