Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон. Двајцата лидери се состанаа за да разговараат за војната во Украина на третата годишнина од целосната инвазија на Русија од страна на Русија.
По средбата, францускиот и американскиот претседател се обратија на заедничка прес-конференција.
Како што пренесува Би-би-си, Емануел Макрон изјави дека мирот „не смее да значи предавање на Украина“.
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека тој и претседателот Доналд Трамп направиле „суштински чекори напред“ за време на разговорите во Белата куќа за ставање крај на војната во Украина.
Според Си-ен-ен.,Трамп и Макрон на средбата ги изразиле разликите и договорите за патот напред за Украина. Трамп нагласи дека се согласиле за важни прашања, иако тој исто така ги повтори лажните тврдења за американските и европските трошоци за војната, што Макрон јавно го коригира во Овалната соба, пренесува
Трамп вели дека цената и товарот за обезбедување мир мора да го платат европските нации, а не само САД, додека Макрон инсистира дека Европа не бегала од своите одговорности во помагањето на Украина
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски, на самитот на западните лидери во Кијив рече дека „се надеваме дека оваа година ќе ја завршиме оваа војна, а не за три“
Во меѓувреме, Генералното собрание на ОН усвои нова резолуција, потврдувајќи ја својата „посветеност на суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина“ – САД се спротивставија на резолуцијата и поднесоа своја.
Д. Мишев