Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија успеала, повеќе од сите луди очекувања, да посее неслога и неред во САД.
„Америко, разбуди се! Во Москва умираат од смеење“, порача денеска Трамп преку Твитер.
Во денешните пораки на Твитер, Трамп главно зборуваше за истрагата која се води за наводна руска вмешаност во претседателските избори во САД, но не го спомна неодамнешниот оружен напад, во кој во средно училиште на Флорида беа убиени 17 лица, главно ученици.
Преќивеаните ученици од нападот денеска соопштија дека за 24 март организираат голем протест во Вашингтон, од кој ќе побараат построга контрола при издавањето дозволи за оружје.
Трамп и во вчерашните пораки, оружениот напад на Флорида го поврза со истрагата на ФБИ за руска вмешаност во изборите 2016 година.
Тој го обвини Федералното истражно биро дека троши премногу време и енергија на истрагата за Русија и оти поради тоа ја пропуштиле шансата да го спречат нападот на Флорида.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.