Мониторинг тимот на ЦИВИЛ нотира три нерегуларности на едно избирачко место (ИМ), за само 10 минути, за време на спроведувањето на референдумот во општина Босилово. На ИМ 1818 во ОУ „Гоце Делчев“, село Дрвош, не работеле двете УВ ламби, но гласањето продолжило без нив. Членовите на Избирачкиот одбор го пријавиле случајот во ОИК.
На истото ИМ недостасува еден гласач во Избирачкиот список, а се нотира и еден случај на семејно гласање, без интервенција од Избирачкиот одбор.