• Latest

Царовска во Тимјаник, жителите повикуваат на протест

June 11, 2018
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царовска во Тимјаник, жителите повикуваат на протест

June 11, 2018 10:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со претставници на УНИЦЕФ, УНДП и делегацијата на Европска Унија, денеска во 13.30 часот, ќе го посети новиот групен дом во Неготино, во кој ќе бидат сместени три деца со интелектуална попреченост, досега згрижени во Специјалниот завод Демир Капија.

Со тој чин повторно се интензивира процесот на деинституционализација, што вклучува развој на социјални услуги во заедницата.

Во иднина, грижата за децата и лицата со попреченост ќе биде достапна онаму каде што живеат, а не во големи, безлични и сегрегирачки институции.

Предвидено е Царовска попладне да има средба со жителите на село Тимјаник, кои во петокот излегоа на протест и го блокираа патот Тимјаник – Дисан, во знак на револт на одлуката на министерството. Нивните образложенија се дека немаат ништо против децата со попреченост, но наводно, приоритет им е да се отвори детска градинка во селото, наместо групни домови.

Царовска на социјалните мрежи ја изрази својата разочараност и изненаденост од реакциите на граѓаните по повод отварањето на мал групен дом за деца со попреченост во с. Тимјаник.

Таа истакна дека станува збор за дом каде ќе се сместат неколку деца кои на ниеден начин не претставуваат закана за локалните жители, ниту пак  ќе влијаат на секојдневито на граѓаните.

„Овие деца, од кои за жал повеќето се неподвижни, се преместуваат како би имале похумани услови за живот и семејна атмосфера. Жално е што се уште постојат толку предрасуди, но токму против ваквите размислувања силно се бориме. Сакам да им порачам на сите кои се плашат или се загрижени дека нема никаква потреба за тоа. Децата во домот не се никаква опасност за нив или нивните деца, ќе бидат под 24 часовна грижа и нема да им го нарушуваат животот.

Се надевам дека ќе преовлада разумот и дека на крајот ќе имаме успешен процес на преселба на децата од институциите во малите домови“-пишува министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Денеска, во Неготино ќе бидат донесени трите деца од заводот, кои ќе бидат сместени во државен објект, познат како старата зграда на социјалната служба.Станува збор за деца на возраст од 10 до 16 години, од кои дури две се во количка.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска заедно со претставници на министерството ќе биде присутна во градот. Од министерството ни изјавија дека ќе отидат и во Тимјаник, на средба со загрижените жители каде ќе можат отворено да разговараат за сите прашања.

Жителите на Тимјаник, јавно повикаа на масовност за време на средбата, со цел да и кажат на министерката дека се против одлуката за доселување на децата, како што потенцираат, во интерес на иднината на нивните деца. На социјалните групи посветени на општината, деновиве се води вистинска војна по повод ова прашање. Додека дел од граѓаните не сакаат да слушнат да имаат во својата близина деца со посебни потреби, дел пак, се прашуваат каде се човечноста и хуманоста во нашето општество.

К. С.

Tags: жители протестиМила ЦаровскаМТСПТимјаник
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ