• Latest
Добро утро со Орданоски

Цената на „избањатата“ лојалност

May 23, 2018
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Цената на „избањатата“ лојалност

May 23, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]О[/dropcap]сновано е да се мисли дека, да не пребегаа двајцата обвинети високи функционери од МВР во Грција, осудениот Ѓоко Поповски во случајот „Триста“ немаше да заврши во притвор, како „капак“ на деветгодишната затворска казна што му е пресудена во прв степен за злоупотреби при набавка на возила за Министерството. Тоа е ефектот што тоа бегство на двајцата прислушувачи, а сега и нивното ослободување во Грција со можност и за добивање политички азил таму, ќе го има во сите процеси што се водат против високи и ниски функционери на власта на Никола Груевски: притвори ќе фрчат на сите страни, во затвор ќе се чека правосилноста на пресудите (што може да трае и со години!). И за аболирани и за неаболирани.

Второ, повторно за соработката со обвинителите: зошто дузина осомничени и обвинети извршители на разно-разни кривични дела не сакаа(т) да соработуваат со обвинителите и искрено и без резерва да се спогодат, да го кажат она што го знаат за делата во кои се вмешани, а за кои им се закануваат долгогодишни затворски казни? Дали се глупави, дали се уплашени, дали се платени да молчат; или адвокатите, наспорти нивниот силен интерес, им ветуваат или ги советуваат дека ќе добијат ослободителни пресуди?! Ако ја исклучиме глупоста (за која нема лек), кои се тие пари и каков е тој страв што може да ти „компензира“ долгогодишна затворска казна?

Обете овие околности од процесите што ги води СЈО против припадниците на бившата власт говорат за тоа дека многумина во тие процеси како да не се излезени од виртуелната реалност што ја ширеше претходниот режим. Во тој режим, беспоговорната лојалност кон митологизираниот лидер (дури и не, неопходно, кон некоја кауза) беше врвниот предуслов за да се „дишне“ барем малку од чистиот кислород на власта и моќта што им се овозможуваше на оние кои беа подготвени сосема да се покорат.

Чудна е таа лојалност, како сè уште да не може да се дофатат сите елементи и димензии на тој феномен… Тоа мора да е некаква мешавина од длабоко потиснувани фрустрации, од желба за припаѓање, помешани со одредена доза на користољубие и страв од казна, но и барем малку социопатија. Имено, фрапантна е дозата на алчност и лукративност што се разви во релативно широки кругови на таа власт. Тоа бездруго е дел од мотивите за послушноста, но и од обвиненијата на СЈО се гледа дека принципот на соучесништво во делата (иако не секогаш, а особено не пропорционално, и во поделбата на пленот!) е еден од начините со кои луѓето се држеле во состојба на покорност. Како да левитираат!

А потоа, кога еднаш ќе се фателе на „јадицата“ на вршењето на некакви злоупотреби или криминали, кога барем еднаш ќе ги „избањале“ во светата вода на криминалот, нивниот морален и професионален интегритет станувал (буквално) сопственост на Фамилијата, за нивна употреба и злоупотреба по нејзино наоѓање. Не дека уловените не знаеле дека прават незаконски работи, туку немале назад, а се надевале и им се ветувала „светла иднина“ која, навистина, и траеше со години.

На пример, се измислија цели системи како да се напредува со светлосна брзина во стекнувањето образовни дипломи, во вдомувањето во станови, во напредокот во „кариерата“, па дури и во мажачката-женачката со соодветни партнери… „Само ти биди лојален и не му се секирај!“

Сега на тој систем му доаѓа незапирлив, а и релативно брз крај. Кој можеше да избега – избега; кој можеше да затрудни – затрудни; кој сакаше да проговори – соработува… Другите ќе одат на извршување на многу долги затворски казни, по цена парите, украдените, и да не се најдат. Ебати таквите пари.

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: Горан ГрујовскиГрујовскиЃоко ПоповскизатворКорупцијакриминалНикола ГруевскиСЈОфамилија
Share138TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ