• Latest
Панел на ЦИВИЛ „ Говор на омраза во политиката“/Фотографија Б. Јордановска, ЦИВИЛ

„ЦИВИЛ 7“ во знак на борбата против говор на омраза и промоција на мултикултурализмот

May 25, 2021

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

„ЦИВИЛ 7“ во знак на борбата против говор на омраза и промоција на мултикултурализмот

May 25, 2021 16:55
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Панел на ЦИВИЛ „ Говор на омраза во политиката“/Фотографија Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Панел на ЦИВИЛ „ Говор на омраза во политиката“/Фотографија Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Седум е нов редовен видео прилог на ЦИВИЛ Медиа, во кој, секоја седмица се отсликуваат активностите и работата на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Еднаш седмично, тимот на ЦИВИЛсе осврнува на најглавните случувања во државата, како и на активностите кои редакцијата секојдневно ги извршува.

Минатата недела ЦИВИЛ одржа 4 панел дискусии: „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам: Состојби, предизвици и перспективи“, „Говор на омраза во политиката“ и „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“, како дел од проектот „Европски перспективи“, како и „Општествената одговорност на интелектуалците и уметниците во промовирање на мултикултурализмот и европските вредности“, како дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите.

На тема еднаквост, недискриминација и мултикутурализам, предизвиците со кои се соочуваат институции, заедниците, медиумите и општеството во однос на меѓуетничките односи, перспективата на нашето општество во поглед на европските вредности, негувањето на еднаквоста и мултикултурализмот, како и заштита од дискриминација зборуваа  Еран Куртиш, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Мерсиха Смаиловиќ, активистка, Ашмет Елезовски директор на Национален Ромски центар, и Џељо Хоџиќ, зам. директор на АОПЗ и колумнист.

Говорот на омраза е честа алатка на политичарите. Како, колку и со која цел политичарите и политичките партии го употребуваат говорот на омразата во јавната комуникација? Што е говор на омразата во овој контекст? Која е одговорноста?. Овие прашања се наметнаа кога петар Богојески од Македонски концепт беше обвинет за ширење говор на омраза на социјалните мрежи. Во обид да даде одговор на овие обвинувања Богојеки побара простор во ЦИВИЛ за промоција на таканареченото истражување од 60 дена кое вклучува и употреба на говор на омраза за да се докаже дека ние, тука, живееме со омраза. На панелот освен Богојески учествуваа и Дехран Муратов, новинар и активист од ЦИВИЛ и новинарот Зоран Иванов, панелот го модерираше Џабир Дерала.

На тема улогата на медиумите за промовирање на европските вредности и мултикултурализмот во нашата држава? беа дел од прашањата на панел дискусијата „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“, ка кој зборуваа Елида Зулбеари, уредничка на Порталб, Ана Цветковска, директор и главен и одговорен уредник на МИА и Фиљана Кока, заменик претседател на ЗНМ и новинарка во МРТ.

На панелот „Општествената одговорност на интелектуалците и уметниците во промовирање на мултикултурализмот и европските вредности“ учествуваа Перо Арсовски, актер, Дуња Иванова, музичарка, спортистка, активистка, Кирстина Арноаудова, музичарка и Агим Пошка, ументник и музичар кои преку видео пораки ја промовираа мултикултурата и европските вредности, за изградба на општество во кое различностите се почитуваат и доживуваат како предност, богатство и квалитет.

Доколку изминатата недела сте ја пропуштиле анализата на Џабир Дерала „Десант на Зоран Заев“, во контекст на истражувањето на ИФИМЕС дека постои тајна разузнавачка операција „Коњички скок“  за уривање на Зоран Заев, посетете ја ЦИВИЛ Медиа и категоријата Слободна Зона: Тизер: Со години наназад се водат жестоки кампањи со дезинформации и говор на омразата во јавноста, а паралелно со тоа се блокира работата на македонскиот парламент во клучни реформски зафати и процеси. Македонската јавност повеќе пати го доживеа горчливото искуство со лажните вести и говорот на омразата кои неминовно водат кон тензии, па и екстремно насилство.

Препорачуваме да прочита анализата на Латиф Мустафа „Преку сексуалното образование до нова фаза на цивилизираност, анализата на Дерала, за хибридните закани и црната пропаганда во „Пиштолот наполнет со омраза“, како и „Зошто треба да се слави 17 мај“, на Петрит Сарачини.

Токму со 17 мај ја стартувавме претходната недела, одбележувајќи 6 години од 17 мај 2015 година во кога се одржа најголемиот граѓански протест против режимот на Никола Груевски. Со слоганот #Доаѓаме! граѓаните најавија жестока борба за слобода и демократија, а единствениот начин за ослободување на државата од режимот беше тој да падне.

ЦИВИЛ како организација за човекови права беше дел од иницијативата „Граѓаните за Македонија“. „Денеска дојдовме по нашата слобода! Патеката е јасна: оставка, праведно судење, конфискација и затвор“, порача Дерала од говорницата пред демонстрантите. Денеска, шест години подоцна ЦИВИЛ и понатаму останува на фронтот и бескомпромисно се бори за слободно и демократско општество. Во меѓувреме, се смени власта, а најодговорните за децениските криминали почна да ги стига правдата. Зад решетки завршија високи фунционери на ВМРО-ДПМНЕ, како што се Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Митко Чавков, Миле Јанакиески… експремиерот Никола Груевски избега од правдата, односно доби статус на азилант во Будимпешта, па дури и право на глас. Но, борбата продолжува„

Политичката сцена минатата недела ја одбележа средбата на премиерот Зоран Заев со министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархеји на која се зборуваше за пристапноста на Северна Македонија во ЕУ.

Не помалку важни вести беа и:

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прифати понудената гаранција од 10 милиони евра за бранење од слобода на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков кој е во притвор. На крајот пресече Кривичниот суд која одби дадената гаранција. Мијалков останува во притвор.

Руски дипломат прогласен за персона нон-грата

Министерството за надворешни работи соопшти дека согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија.

Валентина Божиновска и Срѓан Керим дел од Стратешкиот совет за надворешна политика на МНР

Министерството за надворешни работи се одржа инаугуративен состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика. Меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи беа и Валентина Божиновска и Срѓан Керим.

ЦИВИЛ, пред почетокот на вториот јавен настан на тема „Говорот на омразата во политиката“, излезе со остра реакција на оваа одлука на министерот Османи. „Божиновска ќе остане запаметена по говорот за долгите ножеви по изборите во декември, 2016 година, додека Керим по разорното дејство врз медиумите во времето кога беше во позиција тоа да го прави“ – рече Џабир Дерала, во својата изјава во живо. Валентина Божиновска се повлече од позицијата, како што соопшти, од здравствени причини.

*

До следното изадание на ЦИВИЛ Седум, следете нè на социјалните мрежи и Јујтуб каналот на ЦИВИЛ , како и на меидумската платформа на ЦИВИЛ.  И не заборавајте во среда на 26 мај, со почеток во 13 часот, ЦИВИЛ организира уште една панел дискусија овој пат на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“.

Биљана Јордановска

монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ