Со оглед на непријатното искуство со неовластено преземање и користење на содржините објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, со што грубо се кршат авторските права, организацијата донесе одлука да се заострат Условите за користење. Оваа одлука доаѓа по неодамна објавениот повик за почитување на авторските права, на која редакциите не реагираа соодветно. Секоја чест на исклучоците, односно редакциите и издавачите со кои ЦИВИЛ има добра соработка.
Според новите правила, НЕ СЕ ДОЗВОЛУВА неовластено преземање на содржини или делови од содржини од медиумската платформа на ЦИВИЛ. Ова не важи за организациската веб страница www.civil.org.mk од која содржините може да се преземаат според лиценцата Creative Commons 4.0.
ЦИВИЛ го задржува правото да ги наплати неовластено преземените (украдените) содржини по судски пат, без предупредување.