ЦИВИЛ во соработка со Општина Гостивар ќе одржи мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“, денес, со почеток во 10, 30 часот, пред општинскиот објект.
Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите.
Ученици од осум основни училишта во општината учествуваа на конкурсот со избор од креативни ликовни творби, кои ќе бидат дел од изложбата. Со одлука на комисијата за оценување, ќе бидат доделени награди на најуспешните учесници. ЦИВИЛ ќе додели сертификати за учество на сите што беа дел од овие активности.
Проектот „Заедно за подобра иднина“ ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Мултимедијални настани „Заедно за подобра иднина“ се одржаа и во Општините Чаир и Кочани, на кои учениците преку ликовни творби, изразија силни пораки за мултикултурализмот.
Д. Тахири