Како се доближува датумот на избори, така расте и говорот на омраза. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи експлицитен говор на омраза кон организацијата од лицето кој на Фејсбук е потпишан како Тони Лапе Марков.
Тој вулгарно коментира на официјалната Фејсбук страница на ЦИВИЛ под текстот кој е објавен на ЦИВИЛ Медиа: „Мицкоски на партиски собир повторно ги прекршува мерките и препораките!“.
Според неговите податоци на Фејсбук пишува дека работел во МВР.
ЦИВИЛ Медиа побара одговор од МВР дали навистина лицето Марков работeл во МВР, и какви мерки ќе преземат за неговиот недоличен коментар, но до овој момент одговор не добивме.
Д. М.