• Latest

ЦИВИЛ, заедно со граѓанките и граѓаните, во акција против говорот на омразата (1)

January 27, 2021

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ, заедно со граѓанките и граѓаните, во акција против говорот на омразата (1)

January 27, 2021 14:34
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ГРАЃАНСКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Говорот на омразата во земјава е главно предмет на интерес на дел од организациите на граѓанското општество, кои упатуваат повици, апели, спроведуваат мониторинг или кампањи за јакнење на јавната свест.

Една од најшироко прифатените дефиниции за говорот на омразата, која се рефлектира и во македонското законодавство, е дека тоа е јавен говор што изразува омраза или поттикнува насилство кон некоја личност или група, врз расна, верска, сексуална или друга ориентација и карактеристики како што е половата, националната, физичката и други.

ЦИВИЛ е една од најуспешните и најгласните граѓански организации во напорите за намалување на последиците од дезинформациските кампањи чие главно обележје е говорот на омразата. Организацијата веќе со години спроведува активности за мониторинг, истражувања, граѓанска едукација и јакнење на јавната свест.

За илустрација, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ за само два месеци во текот на изборниот процес летото минатата година (2020) бележи илјадници случаи со говор на омраза на социјалните мрежи, насочен кон групи, поединци, политичари, јавни личности, активисти,  а и самата организација и нејзини членови, поддржувачи и активисти постојано и сурово се под напад на говор на омраза, за коишто случаи јавноста редовно е информирана на македонски, албански и англиски јазик, на медиумската платформа на ЦИВИЛ Медиа.

На комуникациските канали на организацијата, како и на специјализираните формулари за пријавување говор на омраза, лажни вести и дезинформации, секојдневно пристигнуваат пријави за говор на омраза, кои потоа се процесираат од мониторниг тимот на ЦИВИЛ.

Нападите со екстремен говор на омраза и повици на насилство, па и убиство на политичари, активисти, новинари,   интелектуалци  и други, продолжуваат и понатаму.

Со говор на омраза и поттикнување меѓуетничка нетрпеливост се служеа и „видни академици“, за коишто мониторинг тимот на ЦИВИЛ известуваше и ги архивираше нивните објави.

Нападите се секојдневни и грозоморни. На претставниците на ЦИВИЛ им се упатуваат навреди и клевети, како и повици за нивна ликвидација или иселување.

ЦИВИЛ ужива голема доверба и поддршка од граѓанките и граѓаните од целата земја. Оттаму, соработката заинтересираните граѓан(к)и е редовна и интензивна. Секојдневно, голем број луѓе се јавуваат во организацијата со изрази на поддршка или со пријави на случаи со говор на омразата.

Голем дел од нив користат онлајн алатки, преку мејл или пораки на различни комуникациски платформи. За да се олесни комуникацијата и архивирањето на случаите, ЦИВИЛ воведе онлајн Граѓанска пријава на која може да се пријават повеќе категории меѓу кои се наоѓа говорот на омразата, но и лажните вести, корупцијата, насилството…

Пријавувањето на случаите на говор на омразата е важен чекор во напорите да се спречат или намалат последиците од говорот на омразата во јавната комуникација. Се разбира, неопходен е и соодветен, законски одговор од релевантните институции.

(продолжува)

Мониторинг тим на ЦИВИЛ


ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ