• Latest

ЦИВИЛ, заедно со граѓанките и граѓаните, во акција против говорот на омразата (2)

January 30, 2021

Владата ја пушти „втората рата“ од 17 километри од делницата Кичево – Охрид

September 7, 2025

Тинејџери шетаат со пиштоли на улица и во кафуле – полицијата интервенира, но каде е системот?

September 7, 2025
Фото: МВР

Пијан возач со тротинет удри во толпа на протест против „Вардариште“ во Аеродром

September 7, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Вучиќ го разреши „непослушниот“ командант на антитерористичката единица Спасоје Вулевиќ

September 7, 2025

Во болницата во Кочани се задржани четири пожарникари, осуммина се на Токсикологија во Скопје

September 7, 2025

(Видео) Русија погоди владин објект во Кијив, загинаа три лица меѓу кои и едно бебе

September 7, 2025

САД со нови предлози за примирје и ослободување на заложниците во Газа

September 7, 2025

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

September 7, 2025

Пожарот во „Винчини“ ставен под контрола, повредени неколку пожарникари – згазиле во стопен шеќер

September 7, 2025

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

September 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ, заедно со граѓанките и граѓаните, во акција против говорот на омразата (2)

January 30, 2021 13:26
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

(линк то првиот дел)

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата. Тоа е општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, а безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот.

ЗДРАВО И ПРАВЕДНО ОПШТЕСТВО

Општество во кое одредени групи постојано повикуваат и вршат насилство врз граѓаните, не може да биде здраво и праведно општество. Постојаните повици за екстремно насилство и говор на омраза од одредени групи и поединци, меѓу другото, се и последица од воспоставената неказнивост од минатата власт, но и неказнивоста што продолжи и по падот на режимот, со што се охрабруваат одредени центри на моќта да продолжат со својата деструктивна активност.

ЦИВИЛ во своите настапи секогаш најостро ги осудува говорот на омразата и повиците на насилство и бара од институциите  итно и најостро да ги санкционираат сите поединци и групи што шират омраза и повикуваат на насилство, со остри, решителни и ефикасни реакции, и на одговорност да ги повикаат и највисоките раководни структури на политичките партии што посредно или непосредно ги охрабруваат радикалните поединци и групи во земјава.

МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ

Во прилог на разобличување на групите и личностите што редовно шират говор на омраза и со тоа им прават голема штета на демократските процеси, заздравувањето на меѓучовечките, меѓуетничките и политичките односи во земјава, ЦИВИЛ низ годините, како и сега,  ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат случаи на различни облици на кршење на човековите права и слободи, говор на омраза, лажни вести, како и низа други негативни појави, политики и практики.

Како дел од поширокиот тим за мониторинг на ЦИВИЛ, се формира и посебен Мониторинг деск за следење на лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата на социјалните мрежи и во медиумите. Комуникацијата и соработката со граѓанките и граѓаните  е драгоцена и добредојдена во секое време, а  организацијата  е отворена за нивните пријави.

СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ, РАЗВОЈ, ЗНАЧЕЊЕ И ЗЛОУПОТРЕБИ

Во светот, но и кај нас, говорот на омраза се „оправдува“ со слободата на говорот, или изразувањето.

Со еволуцијата на дигиталното време, примената на слободата на говорот станува уште повеќе контроверзна, со оглед на појавата на  нови средства за комуникација како што се социјалните мрежи, така што говорот на омраза е транспарентен, односно јасно видлив за разлика од времето кога не постоеја социјалните мрежи, а говорот на омраза можеше да се забележи по спортски настани, на графити и граѓански собири на коишто неретко можеше да се слушне говор на омраза кон одредена група.

Слободата на изразување е фундаментално човеково право, според членот 19 од Универзалната декларација за човековите права (УДЧП) и е дел од меѓународното право за човекови права во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (МПГПП). Во членот 19 од УДЧП се вели дека „секој има право да има мислење без мешање“ и „секој има право на слобода на изразување; ова право вклучува слобода за барање, примање и пренесување информации и идеи од сите видови, без оглед на границите, или усно, во писмена форма или во печатење, во форма на уметност или преку кој било друг медиум по негов избор“. Верзијата на членот 19 во МПГПП подоцна го изменува ова со изјава дека вршењето на овие права носи „посебни должности и одговорности“ и може „затоа да биде предмет на одредени ограничувања“ кога е потребно “ почитување на правата или угледот на други “, заштита на националната безбедност или на јавниот ред и мир (јавен ред), или на јавно здравје или морал “.

Законите  во некои земји  во светот го опишуваат говорот на омраза како говор, гестови, однесување, пишување или прикази што поттикнуваат насилство или предрасудни активности против група или поединци врз основа на нивното членство во групата, или што омаловажуваат или заплашуваат група или поединци на основа на нивното членство во одредена  групата. Во некои земји, говорот на омраза не е легален термин, а  во некои земји, вклучително и во САД, голем дел од она што спаѓа во категоријата „говор на омраза“ е заштитено со устав, како дел од слободата на изразување.  Во други земји, жртва на говор на омраза може да побара надомест на штета според граѓанското право, кривичниот закон или обете.

ЗАКОН ИМА, ПРАКТИКИ НЕМА

Во Република Северна Македонија постои законска регулатива според која се дефинира и санкционира говорот на омразата од 2014 година, кога стапија во сила нови законски одредби кои забрануваат и казнуваат говор на омраза и ширење на материјали преку интернет кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз која било дискриминаторска основа.

Говорот на омраза во земјава сè уште не се третира соодветно од обвинителството, за што сведочат троцифрени бројки од непроцесирани пријави по оваа проблематика, што укажува на немање волја за справување со се позачестениот говор на омраза и долгогодишната политика  на неказнивост.

Во Северна Македонија речиси и не е забележана некоја судска разврска по прашање на говор на омраза, додека јавноста е под постојан напад во различни форми на говор на омраза, што означува сериозен дефицит на интерес од соодветните институции, или намерна „незаинтересираност“ во обид за прикривање на вистинските состојби со оваа високо штетна појава по демократските вредности на целото општество.

(продолжува)

Мониторинг тим на ЦИВИЛ


ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ