• Latest

ЦивилМедиа прашува, граѓан(к)ите одговараат: Медиумите се политички полтрони, јавниот превоз е катастрофален, децата се во голема опасност од социјалните мрежи

January 17, 2025

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

ЦивилМедиа прашува, граѓан(к)ите одговараат: Медиумите се политички полтрони, јавниот превоз е катастрофален, децата се во голема опасност од социјалните мрежи

January 17, 2025 14:03
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Четири мееци (септември-декември) ЦивилМедиа на својата медиумска платформа и социјалните мрежи ги поставуваше неизбежните ПРАШАЊА НА ДЕНОТ секој работен ден.

Ако септември и октомври ги одбележаа предизвиците на почетокот на школската година, пензиите, безбедноста на учениците, кој вистински владее со државата, интерпелацијата на Гаши, владиниот проект за 250 милиони евра за општинитe, националните координатори, Советот за безбедност на претседателката, дипломатскиот скандал во Бугарија, балансерот, на крајот на годината граѓанките и граѓаните беа засегнати за состојбата со јавниот превоз во Скопје, одговорноста за политичките тензии по инцидентите со знамињата на 28 ноември, иницијативата за поместувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години, поскапувањето на струјата на 1 јануари 2025…

За сите овие прашања и многу други што ги засегаат граѓанките и граѓаните, ЦивилМедиа  ги повика да одговараат во коментари или, во случај ако сакаат да останат анонимни, во пораки. Голем дел од тие прашања што ги постави Редакцијата доаѓаат токму од нив.

Јавниот превоз во Скопје – јавно малтретирање на граѓаните

Поради нерасчистените „сметки“ меѓу градоначалничката Данела Арсовска и премиерот Христијан Мицкоски, односно ВМРО-ДПМНЕ, жителите на Скопје беа во невозможна ситуација. Илјадници луѓе мрзнат со денови, трошеа големи износи за такси превоз, а голем дел од нив се снаоѓаа за превоз со пријатели и роднини. Тоа предизвика дополнителни трошоци за гориво, а за ефектот на животната средина и да не говориме.

Иако и со почетокот на новата 2025 година јавниот превоз не е ништо подобар, барем до некаде е регулиран возниот ред.

Сепак, рекациите на револтираните граѓани на ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Кој е одговорен за состојбата со јавниот превоз во Скопје?, покажаа дека се бара итно решение, а не изговори.

„Со градски превоз проблеми секогаш ќе има зошто не се мисли на општо добро, се мисли на бизнис, провизија“, беше еден од коментарите на граѓаните.

Медиуми – профитери и партиски послушници

Ако порано на медиумите се гледало на непобитен извор на информации без потреба да се преиспитуваат, таа доверба кај јавноста сè повеќе се намалува. Продорот на дезинформациите и лажните вести, од една страна, можноста да се профитира со партиска поддршка и покровителство, без чувство на етичност и општествена одговорност ги ставија македонските медиуми на „црната листа“ на граѓанките и граѓаните.

Реакциите на граѓаниките и граѓаните одговарајќи на ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Колку им верувате на медиумите?, покажаа дека или воопшто не им веруваат и сметаат дека сите одработуваат за власта или на тие што им веруваат, листата на медиуми е многу кратка.

„Како може да им се верува на така наречените медиуми, кои во минатиов период не покажаа ниту тронка општествена одговорност кон најзначајните процеси?“, беше еден од одговорите на граѓаните.

Кој сè е виновен за инцидентите на прославата на Денот на албанското знаме?

Сквернавење на македонското знаме на одбележување на Ден на албанското знаме, пукање со огнено оружје, палење на албанското знаме во Прилеп и Куманово (како одговор, реакција на претходниот чин?), полицаец качен на полициско возило симна албанско знаме од бандера и го фрли на земја, македонската навивачка група Чкембари во сред Битола мафтаа со вергина знамиња скандирајќи „смрт за Ш****ри и чиста Македонија“, ФФМ ги откажа фудбалските натпревари за да спречи инциденти и говор на омраза… 28 ноември – Ден на албанското знаме.

На ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Чија е одговорноста за политичките тензии по инцидентите со знамињата на 28 ноември?,  граѓаните со поделени мислења каде лежи одгвороноста: дел сметаа дека виновни за инцидентите се владата, МВР, а други сметаа дека опозицијата и албанските политички партии ги организирала инцидентите.

Заклоучокот од коментарите и пораките што пристигнаа како одговор на прашањето покажаа дека виновници според граѓаните се МВР, Владата, албанските политички партии, но и родителите.

„Одговорни се пред сè родителите кои пратиле претежно малолетници на протест/прослава, а потоа партиите“, беше еден од коментарите.

Социјалните мрежи – бескрајна можност за злоупотреба на децата

Безбедноста, здравјето, животот и достоинството на младите често се доведуваат во опасност поради социјалните мрежи. Токму затоа ЦивилМедиа ги постави ПРАШАЊАТА НА ДЕНОТ: Што мислите за ефектот на социјалните мрежи врз децата и младите?  и  Што мислите дали треба да се забрани ТикТок и во нашата земја?

Нашите читатели речиси сите беа едногласни дека во нашата земја треба да се забрани ТикТок, иако дел од нив сметаа дека проблемот е едукацијата и домашното воспитување. Генерално социјалните мрежи беа посочени како алиби на родителите за „одморат“ од децата, како неизбежност да се биде во тренд со настаните и технолошкиот развој, но негативните ефекти се побројни, отколку позитивните.

Во еден од коментарите се посочи дека „Социјалните мрежи ги уништуваат вистинските индивидуални и ошштествени вредности кај младите ,но исто така тие ја загрозуваат и нивната безбедност па можат да бидат и опасни по здравјето…“.

Новогодишни желби ви за ви реалност, како помина новогодишната кошничка?

Мир, соживот, економска стабилност, искрени политичари, да се намали корупцијата и да нема криминалци и мафијаши по улиците……, желби многу, но стартот на новата 2025 година не ветува многу.

Граѓаните скомно ги поминаа новогодинешните празници поткрепени од владината „новогодишна кошничка“, која ги задоволи очекувањата на граѓанките и граѓаните – високите цени на производите- мајтап четитка од политичарите.

ЦивилМедиа ги постави ПРАШАЊАТА НА ДЕНОТ: Која е вашата новогодишна порака?, Какви новогодишни празници можете да си дозволите?, Што очекувате од новогодишната потрошувачка кошничка?

„Власта да не го малтретира народот“, „Мир во светот, здравје на сите, среќа, благосостојба во секој дом, нормални политичари што ќе се грижат за народот, за државата, за младите. Доста ни се мафијаши, доста ни е корумпираност, лаги и потпалувачи на соживотото. Сите сме луѓе од крв и месо, со исти потреби, со исти желби“, „Да нема војни, глад и негативни луѓе“, „Да престане омразата меѓу луѓето“, беа дел од новогодинешните желби на граѓанките и граѓаните.

Прашања многу, одговори уште повеќе

Со учество во сегментот #ПрашањеНаДенот, секој има можност да учествува во нашите заеднички напори да посочиме на клучните прашања со кои се соочуваме во секојдневниот живот, но и да се обидеме да споделиме мислења и совети едни со други, да споделиме искуства, да посочиме кон решенијата.

ЦивилМедиа ја продолжува иницијатаивата #ПрашањеНаДенот во понеделник 20 јануари 2025, со нови дилеми и прашања што ги наметна стартот на новата година.

Како и секогаш некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа. Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог ден потоа.

Биљана Јордановска


Безбедност, пензии, „патриотски“ теми, партиски „социјални случаи“, балансер, милиони за општините: Прашања на кои најдобри одговори даваат граѓанките и граѓаните

Tags: граѓанииницијативакоментариПрашање на денотЦИВИЛМЕДИА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ