Турското обвинителство издаде налог за апсење на 70 војници, кои се осомничени за поврзаност со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД.
Полицијата спровела координирана акција во 34 окрузи во државата. Истрагата ја водат обвинители од централниот округ Конија.
Истрагата е преземена врз основа на искази на војници, кои биле приведени пред извесно време поради врски со проповедникот Ѓулен.
Анкара го обвинува движењето на Ѓулен дека стои зад обидот за пуч во државата во јули 2016 година.
По неуспешниот обид за преврат во Турција беа уапсени над 50.000 лица, а околу 150.000 беа отпуштени од работа.
[divide]
Извор: МИА