• Latest

Туск: ЕУ е загрижена поради акциите на Турција

March 27, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Туск: ЕУ е загрижена поради акциите на Турција

March 27, 2018 08:36
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија е загрижена поради начинот на кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го почитува владеењето на правото во Турција и поради неговите потези во Сирија и источен Медитеран, изјави синоќа претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

– Нашиот денешен состанок покажа дека додека нашите односи минуваат низ тешки времиња, во областите во кои соработуваме, соработуваме добро, рече Туск по самитот ЕУ-Турција во Варна.

Според него, повторно е потврдена подготвеноста на ЕУ да го зачува дијалогот и да работи на надминување на моменталните проблеми со цел „да се развијат потенцијали партнерства“.

Тој наведе дека лидерите на ЕУ не добиле конкретни одговори од Ердоган на долгиот список на сето она што ги загрижува, вклучувајќи ги и операциите во Сирија и апсењeто новинари.

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, од своја страна, изрази надеж дека тешкиот период во односите меѓу Турција и Европската унија е оставен во минатото.

– Да се надеваме дека тешкиот период во односите Турција-ЕУ го оставивме зад нас, рече Ердоган.

Како што јави агенцијата Анадолија, турскиот претседател истакна дека на Самитот на лидери на Турција и Европската унија во Варна е направен првиот чекор во однос на повторното воспоставување на довербата меѓу Турција и ЕУ.

– Се надевам дека денеска, на ова место, сите ние заедно направивме прв чекор во однос на повторното воспоставување на довербата меѓу нас и ЕУ. Меѓутоа, не е доволно да се каже дека го направивме овој чекор, сега треба да се направи конкретен чекор, рече Ердоган.


Извор: МИА

Tags: акцииДоналд ТускЕУзагриженостСиријатурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ