Categories

АНАЛИЗА Тевдовски во Софија на Конференција „Еднаквоста е важна“

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска се обрати на конференцијата „Еднаквоста е важна“ во организација на фондацијата “Фридрих Еберт“ (ФЕС). што претходи на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија.

Министерството за финансии соопшти дека централна тема на настанот беше анализата „Нееднакви можности и нефер резултати – соочување со нееднаквоста во Југоисточна Европа“. Во неа се дадени емпириски податоци за состојбата на нееднаквоста на доходот во земјите од регионот. Се даваат и конкретни предлози како да се подобри состојбата.

Фокусот е на пазарот на работна сила и пристојната работа, реформи на даночниот систем и системот на социјални трансфери, како и потребата од квалитетно јавно образование.

Министерот за финансии зборуваше за важноста за креирање политики за пофер општество во земјите од регионот. Како посебно успешна беше наведена мерката за минималната плата.

– Една од првите мерки која ја презема Влада на РМ беше покачувањето на минималната плата. Противниците на оваа мерка сметаа дека ова ќе предизвика масивно отпуштање на работници. Знаете ли кој беше резултатот? – Немаше отпуштања. Се случи пораст на најниските плати, пред се на жени кои работат во текстилната индустрија. Исто така, растот на платите ги натера компаниите да размислуваат за растот на продуктивноста и модернизација на процесите, навел министерот за финансии.

На настанот од страна на говорниците е истaкнато дека социјалната димензија добива се позначајно место на ЕУ агендата. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email