• Latest

Убиства на жени, само затоа што се жени

October 25, 2017
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Убиства на жени, само затоа што се жени

October 25, 2017 16:49
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија неофицијално се убиени петнаесет жени во периодот од 2013 до 2016 година, само затоа што се жени. Ова денеска е соопштено на конференцијата: „Фемициди-убиства на жени, само затоа што се жени“, што ја одржа организацијата Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во соработка со Обединети Нации.

Според Елена Димушевска, извршна директорка на организацијата, во Македонија фемицидот не е регулиран како посебно кривично дело, а загрижува фактот што нема официјална статистика за извршените убиства на државно ниво.

„Од 2013 до 2016 година има регистрирано 15 убиства, но тоа не е официјална статистика и не ја претставува реалната бројка. Од Државниот завод за статистика има податок дека од 2008 до 2016 година има убиени 70 жени, но сега се врши анализа колку од нив се фемициди. Жените жртви се на различна возраст“, рече Димушевска.

Овие жени претходно биле жртви на насилство, но, немале доволно информации каде и како да побараат заштита во надлежните институции.

„Тие што пријавиле во полиција или во центрите за социјална работа, не добиле соодветна реакција, односно не се преземени соодветни мерки и жената била убиена. Повеќе од 90 проценти од убиствата се случувале во домот или доколку сопружниците се разделени се случуваат во куќата на жртвата. Најнебезбедно место на жртвите е нивниот дом“, забележува Димушевска.

Вирве Вимпари од делегацијата на ЕУ, рече дека фемицидот е еден вид дискриминација и дека е причина и последица на родовата нееднаквост. За да се заштитат жртвите, според Вимпари неопходно е да се обезбеди правна помош.

Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), информираат дека веќе е формирана работна група од претставници на меѓуресорски групи и невладини организации и дека интензивно се работи на отворање Центар за жртви на сексуално насилство.

„Една од стратегиските определби на Владата на РМ и Министерството е преземање на одговорни мерки во насока на справување со насилството врз жените. Потребна е сеопфатна национална стратегија и политика, којашто ќе значи справување со насилството. Во таа насока МТСП започна со интензивни активности во насока на ратификација на Истанбулската конвенција“, информираше Светлана Цветковска, претставник од МТСП.

М.Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Вирве ВимпариЕлена ДимушевскажениМТСПнасилствоНационална мрежа против насилствоОНправна заштитаСветлана Цветковскаубиствафемициди
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ