• Latest

„Југохромци“ најавуваат радикален штрајк, комбинатот затворен до април!

November 30, 2016

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Југохромци“ најавуваат радикален штрајк, комбинатот затворен до април!

November 30, 2016 18:45
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите 700 вработени во комбинатот „Југохром“ од Јегуновце, ќе останат на работа до крајот на годинава. Но, нивната работна судбина и егзистенцијата на нивните семејства ќе биде доведена во прашање, затоа што, филтрите за отпрашување ќе бидат изградени дури во април. Тие бараат Инспекторатот за животна средина итно да ја повлече одлуката со која се забранува работа на компанијата.

sindikat
Бајрам Амити, Синдикат на „Југохром“

„Сметаме дека ‘Југохром’ не е само причина за аерозагадувањето на Тетово и регионот. Овој пат успеавме да постигнеме договор со менаџерите, до крајот на годинава да добиеме плата, макар што декемвриската плата ќе ни биде исплатена со 70 отсто. Но, ако фирмата не работи до април, кога се очекува да заврши изградбата на објектите за намалување на аерозагадувањето, тоа е сериозна закана за нашата работна иднина. Бараме итно Инспекторатот да ја повлече одлуката за забрана. Ние да продолжиме со работа, паралелно да продолжи изградбата на објектите“, изјави за Грин ЦИВИЛ, Бајрам Амити, претседател на Синдикатот на фирмата.

Синдикатот и менаџерскиот тим денеска одржаа прес-конференција, со барање фирмата да продолжи со работа.

„Менаџментот на ‘Југохром’ покажа слух и разбирање за вработените, за регионот којшто гравитира околу фабриката, и јас како генерален директор, во корелација со менаџментот, одлучив – вработените и натаму да останат во редовен работен однос“, рече Васко Скендеровски на денешната прес-конференција.

Но, според Скендеровски, во декември, на нова средба со Синдикатот, ќе биде повторно разгледано прашањето за работниот ангажман на сите вработени, бидејќи месечните загуби во услови кога фирмата не работи, се во висина од преку 300.000 евра. Тој се надева на позитивна одлука од Второстепената комисија на Владата, до која „Југохром“ поднел жалба на одлуката на Инспекторатот. Скендеровски објаснува дека фирмата доцни со изградба на објектите за намалување на загадувањето, затоа што градежната дозвола ја добиле на 18 јули, и прекраток е законскиот рок од пет месеци за да заврши изградбата.

Вработените се сомневаат дека одлуката на Инспекторатот во период пред избори има политичка позадина.

„Како поинаку да се протолкува издржаноста на одлуката на Инспекторатот. ‘Југохром’ работеше кога немаше добиено ниту градежна дозвола. Сега, кога сериозно работи на реализација, на изградба на објектите кои ќе го намалат загадувањето на воздухот, се носи таква одлука со поддршка на Општина Тетово“, велат вработените во „Југохром“.

Познавачите на приликите, пак, тврдат дека „Југохром“ навистина има голем удел во загадувањето на воздухот во Тетово и околината. Но, посочуваат дека во вакви случаи, кога се загрозува иднината на 700 вработени, државата треба да преземе мерки и да интервенира да се надмине проблемот, да ја запази и социјалната димензија за вработените, но и да се исполнат еколошките стандарди.

„Крајно, како во време кога Владата и владејачката партија на чело со лидерот Никола Груевски, секојдневно и на провладините медиуми и на митинзите, најавуваат отворање на нови работни места, сега, одеднаш се носи ваква одлука за затворање на фабриката? Конечно, зошто ваква одлука не се носи за сите загадувачи во Тетовско? И, кој е виновникот што граѓаните се сиромашни, без работа, па со употреба на разни грејни тела придонесуваат во голема мера за загадување на воздухот“, реагираат нашите соговорници..

Моника Талеска 

 

 

Tags: „Југохром“аерозагадувањеВаско СкендеровскиизбориИнспекторат за животна срединаОпштина ТетовоТетово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ