На 28 јуни 2023 година, Украина ја одбележува 27-мата годишнина од усвојувањето на Уставот – главниот нормативно-правен акт на државата, кој ги воспоставува основите на општествениот поредок, државниот систем, редот на формирање, начелата на организацијата и работата на државните органи, правата и обврските на граѓаните.
Во име на украинскиот народ и изразувајќи ја неговата суверена волја, Уставот на Украина беше усвоен на 28 јуни 1996 година: „Човекот, неговиот живот и здравје, чест и достоинство, недопирливост и безбедност се признати како највисока општествена вредност во Украина.”
Уставот на Украина е главниот нормативно-правен акт на државата, кој ги утврдува основите на општествениот поредок, државниот систем, редот на формирање, принципите на организација и работата на државните органи, ги регулира односите меѓу државата и општеството, ги гарантира човековите права и слободи.
Уставот на Украина дефинира дека Украина е правна држава, која се заснова на принципите на почитување на поединецот и недопирливоста на неговите права и слободи, владеење на правото, почитување на законот. Тој забранува дискриминација. Уставот го зацврстува суверенитетот на украинската држава на целата нејзина територија, која е недопирлива. А заштитата на овој суверенитет и територијален интегритет е најважната функција на државата и каузата на целиот украински народ.
Усвојувањето на Основниот закон од страна на Врховната Рада на Украина на 28 јуни 1996 година стана важна фаза во воспоставувањето на државноста, имаше големо политичко и правно значење за развојот на украинската политичка нација и граѓанското општество. Венецијанската комисија го призна нашиот Устав како еден од најдемократските во Европа, особено во однос на правата, слободите и обврските на граѓаните, кои целосно ги задоволуваат меѓународните стандарди од областа на уставното право.
Денес, Уставот е јадрото на националниот правен систем на Украина.
За нас, Украинците, Уставот е за права и слободи, за достоинство, вредности, стабилност и нескротливост.
Историски гледано, уставниот процес сведочи за намерата правно да се зацврстат на највисоко ниво таквите вредности на украинскиот народ како демократијата, владеењето на правото, еднаквоста на граѓаните, независноста и територијалниот интегритет на својата држава и европскиот цивилизациски избор.
Ние успеавме и сега Украина е независна модерна европска држава. Одредбите во однос на стратешкиот курс на нашата држава за стекнување на полноправно членство на Украина во Европската унија и НАТО во моментов се зацврстени во Основниот закон.
Борбата за Независност и Слобода не се само зборови, тоа е национален код на народот кој го избира своето право на постоење и државност.
Украина се бори, Украина ќе победи!
М. Д.