• Latest
Фото: Укринформ

Украинските сили напредуваат северозападно кон Бахмут, руските трупи се повлекуваат во паника

May 13, 2023

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинските сили напредуваат северозападно кон Бахмут, руските трупи се повлекуваат во паника

May 13, 2023 19:27
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

Украинската армија во саботата соопшти дека напредува околу Бахмут, епицентарот на борбите со руските трупи во источна Украина.

Украинските војници напредуваат во неколку области на фронтот во насока Бахмут, додека Русите губат опрема и жива сила, пренесува Еуроњуз.

„Одбранбената операција кон Бахмут продолжува“, објави командантот на украинските копнени трупи, Генерал-полковник Олександр Сирскиј на Телеграм. „Нашите војници напредуваат во некои области на фронтот, а непријателот губи опрема и војници.

Во новиот извештај објавен од Институтот за проучување на војната (ISW), се вели дека Вооружените сили на Украина постигнаа успех северозападно од Бахмут во локализирани контранапади, како што беше потврдено од објавените снимки на кои се гледа повлекувањето на руските трупи на јужниот брег на акумулацијата Берхивске.

„Оваа снимка визуелно ги потврдува тврдењата на голем број руски милблогери дека украинските сили постигнале придобивки северозападно од Бахмут во областа помеѓу Бохданивка и Берхивка“, се вели во извештајот.

Како што забележува ISW, според руските воени блогери, елементите на 200-та посебна моторизирана бригада(14-ти армиски корпус, Северна флота) ги загубија своите позиции во областа помеѓу Хрихоривка и Дубово-Василивка (околу 6 километри северозападно од Бахмут). Покрај тоа, украинските трупи вршат контранапад кон Хромове, Бохданивка и Клишчиивка.

Шефот на парамилитантната група Вагнер, Евгениј Приогожин, нагласил дека украинските сили се приближуваат до Берхивка и тврди дека Украина сега има позиции на 500 метри од северозападните граници на градот Бахмут.

Руското Министерство за одбрана (МО) ги отфрлa тврдењата на други руски извори во врска со напредокот на Украина и наместо тоа тврдеше дека елементите на 4-та одделна моторизирана бригада и 200-та одделна бригада со моторизирана пушка ги одбиле сите напади во областа Берхивка.

Како што пренесува Укринформ, руските агресори организираат провокации со експлозии за да го оправдаат сопственото бегство од привремено окупираните територии на Украина и најавата за евакуација.

Украина, исто така објави дека две лица се убиени во руски напад во градот Костиантивка, на околу 25 километри од градот, со уште десет повредени, меѓу кои и двајца тинејџери.

Според Би –Би – Си, украинските сили вратиле најмалку уште еден километар од територијата во Бахмут поради руското повлекување што го одразува „сериозниот недостиг на веродостојни борбени единици“ на Москва, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство на последниот брифинг за разузнавање. Се наведува дека елементите на руската бригада се повлекле „во лош ред“ од своите позиции на јужното крило на источниот украински град, местото на најдолгата битка во војната. Бригадата беше „обвинувана за лош морал и ограничена борбена ефикасност“.

Во четвртокот, генералот Сирскиј соопшти дека украинските сили напредувале два километри околу Бахмут.

Во петокот, шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, но и некои руски воени блогери, на Телеграм известуваат за украинско напредување јужно и северно од Бахмут, при што некои сугерираат дека долгоочекуваната контраофанзива на Кијив почнала. Москва ги негираше овие тврдења додавајќи дека „воената ситуација е под контрола“

Со ангажирање на руската армија во битката за Бахмут, Украина се надева дека ќе отвори можност за контраофанзива на друго место.

Д. Мишев

Tags: битка за Бахмутруска агресија врз Украинаукраински контранапад
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ