• Latest

Унгарија се пресметува со Сорос по „македонски рецепт“

April 5, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Унгарија се пресметува со Сорос по „македонски рецепт“

April 5, 2017 15:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со 123 гласови „за“ и 38 „против“, унгарскиот Парламент ги усвои измените во Законот за високо образование што можат да претставуваат опасност за работата на Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта, основан од Џорџ Сорос.

Најавите за измените во унгарскиот Закон за високо образование, предизвикаа бурни реакции и протести во Будимпешта, каде илјадници сегашни и поранешни студенти, професори и поддржувачи на ЦЕУ, го изразија својот револт од оваа одлука. Протестите продолжија и синоќа, по објавувањето на усвојувањето на измените.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со скопјанката Дора Бојановска, студент на мастер студии на ЦЕУ.

„Измените во Законот за високо образование претставуваат директен напад врз академската автономија во Унгарија и како таков е спротивен на вредностите на кои почива едно демократско општество. 25 години ЦЕУ функционира во насока на подигнување на нивото на унгарското високо образование, како реномирана, независна, високообразовна институција што на многу млади умови, без разлика на нивното потекло или на финансиските можности, им овозможила шанса за квалитетно образование од светски ранг. Како студент на Централноевропскиот универзитет, протестирам против овие измени, пред се’, бидејќи сметам дека и други студенти во иднина заслужуваат да ја имаат шансата што ја имам јас и затоа што сметам дека напад кон образовни институции во една земја е знак за напуштање на демократските вредности и на демократијата во целост“, смета Бојановска.

Сенада Сали, поранешна студентка на ЦЕУ, во разговор за ЦИВИЛ Медиа ги посочи можностите што овој универзитет ги нуди за студентите од ромска национална припадност.

„Усвојувањето на дискриминаторскиот закон, познат како ‘CEU Lex’, со што практично ќе се затвори Универзитетот, ќе има особено негативен импакт за студентите-Роми, бидејќи ЦЕУ е единствениот универзитет во Европа што доделува мастер стипендии, специјално наменети за талентирани студенти-Роми од регионот. На ЦЕУ секој млад Ром се чувствува еднакво вреден, слободен да разговара со останатите за својот идентитет, а притоа да не биде однапред маркиран или осудуван.  Во рамки на ЦЕИ постои посебна програма за академска подготовка на студентите-Роми што завршиле додипломски студии, со цел успешно запишување на мастер студии, програма која секоја година ја завршуваат дваесеттина студенти-Роми од различни држави од Европа, вклучително и од Македонија. Програмата се вика Roma Access Program. Непостоењето на ЦЕУ значи непостоење на оваа програма!“, изјави за ЦИВИЛ Медиа м-р Сали, која сега работи во Европскиот центар за правата на Ромите (EERC) во Будимпешта.

Како што вели таа, студентите и вработените во Универзитетот очекуваат и се надеваат дека претседателот на Унгарија, Јанош Адер ќе стави вето на измените и ќе покрене постапка за оценување на уставноста пред Уставниот суд.

Со измените на унгарскиот закон, се предвидува дека секоја образовна институција во Унгарија, финансирана од странство, може да работи единствено откако земјата на потекло на институцијата и Унгарија потпишат меѓувладин договор. На овој начин, се налага универзитетот да функционира и во земјата на потекло на финансиерот.

Централноевропскиот универзитет е институција каде наставата се изведува на англиски јазик и е создадена во Унгарија во 1991 година, непосредно по падот на комунизмот, за да ги поттикне добрите управувачки пракси, настојчивиот развој и социјалната трансформација.

Премиерот Виктор Орбан оваа наставна институција ја обвини за нарушување на унгарското законодавство.

Марија Теговска

 

 

Tags: Roma Access ProgramиБудимпештадесоросоизацијаПротестРомиЦЕУЏорџ Сорос
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ