Во текот на 2016-та година, 652 деца биле убиени во Сирија, што претставува највисока највисока бројка во последните три години! – објави денеска УНИЦЕФ.
По шест години граѓанска војна, шест милиони сириски деца зависат од хуманитарната помош, неколку милиони се внатрешно раселени, а 2,3 милиони се водат како бегалци во странство. Над 850 деца учествувале во борбени дејствија, што е двапати повеќе, отколку во претходната 2015 година.
„Минатата година во Сирија загинаа најмалку 255 деца во училишта или во непосредна близина на училишта! 1,7 милиони деца го прекинаа школувањето! Податоците за смртните случаи се однесуваат само на потврдените жртви, што значи дека бројот би можел да биде далеку поголем“, наведува УНИЦЕФ.
„Не престанаа нападите врз училиштата, болниците, игралиштата, парковите, ниту домовите…, во текот на оваа година, додека сириската Влада и нејзините противници, како и сојузниците од обете страни, покажаа бесчувствително непочитување на правилата на војување“, предупредува УНИЦЕФ, во извештајот кој се однесува на шестгодишната војна во Сирија.
Извештајот на УНИЦЕФ е објавен една недела откако невладината организација „Да ги спасиме децата“ објави дека сириските деца покажуваат симптоми на „токсичен стрес“.