• Latest
Фотомонтажа: Д.Мишев/ЦивилМедиа

Валканиот „танц“ на Вагнер на белоруско – полската граница може да го вовлече Западот во војна со Русија

July 25, 2023

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Валканиот „танц“ на Вагнер на белоруско – полската граница може да го вовлече Западот во војна со Русија

July 25, 2023 14:32
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фотомонтажа: Д.Мишев/ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д.Мишев/ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Откако без да наведе никакви докази, рускиот претседател обвини дека Полска сонува да заземе делови од Украина и Белорусија кои претходно биле под нејзин домен и ја предупреди Полска дека секој напад врз Белорусија ќе го смета за напад врз Русија, Александар Лукашенко, белорускиот претседател, набрзо потоа излезе со тврдење дека платениците од Вагнер, улогорени во неговата земја, се очајни да ја нападнат Полска, а тој прави сé за да спречи платеници да ја преминат границата со соседната земја.

„Како што можеме да видиме, теренот се подготвува“, изјави Лукашенко.

Полска испрати дополнителни војници на својата граница и одблиску ги надгледува борците на Вагнер откако тие се преселија во Белорусија на почетокот на овој месец. Аналитичарите предупредуваат дека Кремљ можеби поставува инцидент со „лажно знаме“ за да го оправда нападот врз Полска.

Впрочем, така почна и Втората светска војна, кога нацистите, на 31 август 1939 година, преправени како полски саботери лажирале напад на радио станица во Глајвиц, германски град на полската границата, а телата на убиени затвореници облечени во полска воена униформа ги остави пред станицата за да создаде впечаток дека Полска стои зад нападот, и сметајќи на неодлучноста на западните сојузнициоткако, го искористија како причина за нападот врз Полска, откако предходно веќе ги анектираше Австрија и Судетската област во тогашна Чехословачка.

Затворениците во германскиот концентрационен логор биле убиени со смртоносна инјекција пред да бидат застрелани во лицето, за да не може да се идентификуваат, а потоа биле облечени во униформи на полската армија за да изгледаат како саботери.

84 години подоцна, регионот повторно станува терен за воени игри, додека платениците на Вагнер ги обучуваат белоруските специјални сили на границата со Полска.

Во неделата, белоруската невладина организација „Проект Хајун“, објави дека 10-тата колона платеници на Вагнер влегла во земјата. Се наведува дека во колоната имало 10 возила, вклучувајќи камиони и миникомби.

The 10th convoy of PMC Wagner arrived in Belarus on a new route this morning. There are at least 10 vehicles in the convoy: a KamAZ truck, several vans (Bukhanka), a Volkswagen Transporter minibus and at least 6 trucks.
1/3 pic.twitter.com/IQqSYYubob

— Belarusian Hajun project (@Hajun_BY) July 23, 2023

Се разбира, целта на таквата акција не би била освојување на Полска – тие едноставно ги немаат бројките. Но, тие можат да предизвикаат хаос и да ги прошират тековните конфликти, како што прават на друго место во светот, предупредува Хамиш де Бретон – Гордон во анализата објавена на Телеграф.

Низ целиот свет, стратегијата на Вагнер Групацијата беше да го направи најнеочекуваното и најсрамното за да постигне краткорочни цели. Во Африка, таа испрати мали единици да ограбуваат територии и ефективно да ги заробат нивните влади. Во Русија, таа испрати сили кои маршираа во Москва во неуспешен бунт. Дали е толку незамисливо дека може да собере мала сила за да ја премине границата во Полска?

Релативно малку се слуша во последно време за шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин по неговиот бунт против Путин. Фактот дека тој не сака да копа сол на Урал или да „одмара’ два метри под почвата на Москва, и го избегна најавеното апсење, само ја нагласува слабата позиција во која сега се наоѓа рускиот претседател, што, исто така, ја отвора вратата за обидот на Пригожин да се врати назад во руската политика.

Путин, исто така, знае дека групата Вагнер сè уште има голема воена моќ, со голема мотивација да преземе екстремни мерки. Платениците стануваат длабоко незадоволни гледајќи ги украинските сили како напредуваат брзиот напредок во Бахмут, град освоен со крвта на Вагнер. Таа битка, која траеше 10 месеци мелење во жестоки борби; неспособноста на редовната руска армија сега би можела да ја врати назад за околу 10 недели. Во комбинација со желбата на Пригожин да си го врати сопствениот статус, тензиите што доведоа до маршот кон Москва се подготвени повторно да зовријат. Овој пат, наместо да сврти кон исток, Вагнер би можел да сврти кон запад.

Секој напад врз Полска би бил осуден на неуспех. Силите на Вагнер во Белорусија се чини дека бројат неколку илјади платеници, опремени со лесно оружје и без тенкови или тешка артилерија. Тие не би биле никаква закана за огромната полска армија, која се модернизираше и се прошири во последниве години со стотици тенкови. Ако тргнат во отпад без соодветна противвоздушна одбрана или сопствени борбени авиони, платениците на Вагнер би биле седечки патки дури и за најлесните воздушни сили.

Но, таквите факти нема да го засегаат Пригожин. Тој би ги испратил своите луѓе на колење, како што направи во Украина, за непосредна лична корист. Веројатно ќе гледа со радост како ѕвони алармот во седиштето на НАТО, каде што ќе се разгледува декларацијата од член 5. Дури и оваа перспектива е ефективно оружје: Путин ќе биде желен да ги запре таквите планови пред кошмарното сценарио да стане реалност.

Тоа е игра со високи влогови, но тоа е сè што Пригожин разбира. Како што згаснува контролата на Путин врз власта, раздвоените групи што произлегоа од неговото претседателствување само ќе станат понепромислени. Ризикот за Западот е дека има катастрофална погрешна комуникација, што предизвикува Пригожин да тргне на пробив и да премине во Полска.

Наједноставниот начин да се избегне ова сценарио е да се обезбеди украинската победа, што порано пред да стане предоцна. НАТО треба да го вооружи Кијив, а потоа да гледа како шакалите во Москва се јадат меѓусебно.

Драган Мишев

Tags: БелорусијаВагнерНАТОПолскаруска агресија врз Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ