• Latest
Руски тенк (photo source: Wikimedia Commons)

Вести од Источниот фронт

January 28, 2022
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Вести од Источниот фронт

За војната и мирот: историјата, сегашноста и перспективите на руско-украинската војна

January 28, 2022 11:00
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Руски тенк (photo source: Wikimedia Commons)

Руски тенк (photo source: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Светскиот мир виси на конец. Руската армада е на границите на Украина, спремна да ја обнови агресијата започната во 2014 година. Не треба да се биде Магелан, за да се открие дека руската воена машинерија е закана за целиот регион на поранешниот Советски Сојуз, со гласно изразени апетити насочени кон земјите членки на поранешниот Варшавски пакт.

Руско-украинскиот конфликт е само еден од 57 оружени конфликти во светот денес, но ако избие, ќе биде еден од најопасните по светскиот мир. Што се случува на „Источниот фронт“?

Декласифициран документ на американското разузнавање: проценка на движењето на руската армија на 3 декември 2021 година (извор: Wikimedia Commons)

Ѕвецкање на оружјето и дипломатско-пропагандни „игри“

Русија не отстапува од своите апсурдни барања, НАТО да се повлече во границите пред 1997 година. САД и НАТО го задоволија барањето на руската страна и достави писмени гаранции (26 јануари) во кои на Русија ѝ се гарантира безбедноста и сувереноста и се повикува на повторно воспоставување на дипломатските односи.

Русија постојано се обидува да се прикаже како жртва, како таа да е нападната. Тоа најдобро го опишува украинската амбасадорка во Северна Македонија, Наталија Задорожњук, во интервју за ЦивилМедиа (13 јануари 2022) во кое, меѓу другото, вели:

„Русите самите провоцираат, напаѓаат, окупираат, убиваат и при тоа чувствуваат „опасност“. Би било смешно да не е толку тажно!“

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров одговори на прес конференција веќе наредниот ден (27 јануари), изјави дека документот е основа за понатамошни разговори, но дека не дава одговор на главните барања на неговата земја (повлекување на НАТО и Украина никогаш да не биде дел од таа структура).

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров (извор: веб страната на руското МНР)

Лавров се повикува на 90-те години од минатиот век кога, според неговото разбирање на нештата, НАТО „свечено ветил“ дека нема да се шири повеќе:

„Во раните 90-ти, поточно во 1990 година, кога Германија беше повторно обединета и прашањето за европската безбедност беше покренато, тие свечено ветија дека НАТО нема да се шири ни инч повеќе кон исток, преку реката Одра:“

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден, ги повика лидерите на ЕУ на доверлива видео врска (24 јануари) и ги зацврсти позициите и единствениот став на сојузниците од Стариот контитент. Веднаш по таа видео средба, низ светот проструија „вестите“ дека во ЕУ и НАТО нема единство, ни оддалеку.

Но и тоа е дел од „играта“ во која креирањето на јавното мислење и перцепциите можат да одиграат важна улога на зелената маса, но и на потенцијалното боиште. Вистината е некаде на средината.

Ниту земјите членки на ЕУ не се единствени (а кога биле?), ниту разликите во поглед на ѕвецкањето на руското оружје се толку големи како што тоа руската пропаганда сака да го прикаже.

Кога започна конфликтот?

Во разни варијанти, од осамостојувањето до 2014 година со Украина владееја проруски марионетски гарнитури. Последната таква фигура беше Виктор Јанукович чие владеење беше нагласено проруско и авторитарно по угледот на неговиот „тутор“, Владимир Путин. Крајот на авторитарно владеење на Јанукович го означи Револуцијата на достоинството, познато и како Мајданска револуција.

Веднаш по воспоставувањето на новата демократска власт, Украина како слободна, независна и суверена земја, веќе го започна процесот на своите евроатлантски интеграции. Тој процес го сопре воената агресија од Русија. Војната, сега уште пострашна и поголема од онаа во 2014 година, тропа на вратите.

Перцепцијата на просечниот консумент на медиумскиот инфотеинмент е дека кризата започна со натрупување на руските трупи и тешко вооружување на украинската граница во ноември и декември, 2021 година. Но воениот конфликт започна со руската инвазија на 20 февруари 2014 година. Русија го окупира полуостровот Крим, го поттикна и до денес го одржува оружениот конфликт преку добро снабдените проруски паравојски во источниот дел на Украина.

Руската агресија беше „покриена“ со Калаш-референдуми. Под закана со оружје, меѓу другите и од паравоените групи наречени „Руска православна армија“, по окупацијата на институциите во источните делови од земјата и на Крим, проруските милитанти спроведоа „блиц“ референдуми за отцепување од Украина.

Припадници на „Руската православна армија“ во Доњецк, Украина

Украинците со крв ја бранеа својата слобода и суверенитет. Така, во судирите во Одеса во 2014 година загинаа 42 лица (Извештај на ОХЦР при ОН). Од почетокот на агресијата врз Украина, оружените судири однесоа околу 14.000 жртви.

Решение на кризата е можно, но и воените сценарија се во игра

Руската чизма веќе осум години гази на 7,2% украинска територија, а од ноември 2021, Путин „турира“ со тенковите и ’ржи со повеќе од 120.000 војници вдолж украинската граница, заканувајќи се со целосна инвазија.

Целосно решение на оваа криза е можно само со целосно повлекување на руските трупи од украинско тло, но и повлекување на руските хибридни напади и финансирањето на проруските паравојски во источниот дел на Украина. Што нема да се случи.

Военото сценарио не е исклучено, ниту сега, ниту во иднина, но и губитоците на руска страна ќе бидат катастрофални. Од повеќето можни воени сценарија, две се најчесто во оптек. Според првото, руската армија ќе се обиде да продре до Киев, ќе ја сруши сегашната и ќе воспостави марионетска гарнитура на власт. Второто сценарио предвидува продор во деловите кои се под контрола на проруските паравојски во источниот дел од Украина и поврзување на тие територии со Крим кој сега е под окупација на руската армија.

Веројатно, Путин е свесен дека целосната инвазија ќе ја чини Русија и него самиот, премногу скапо и тоа на многу долг рок, со сите импликации кои не се само воени и политички, туку и економски, социјални и енергетски. Но тој и структурите што се градат уште од времето на Ленин и Сталин нема да се откажат од хибридната (порано попозната како „специјална“) војна со Западот и креирањето проруски режими секаде каде што за тоа ќе се создадат услови.

Меѓу реалната воена моќ и „маскировката“

Паралелно со ѕвекотот на конвенционалното оружје, руската пропаганда и хибридните напади (без и со воени дејствија) се засилуваат до таа мерка што и најнаивните веќе јасно ги чувствуваат тешките последици од „долгата игра“ на поранешниот оперативец на КГБ. Тие последици веќе одамна се чувствуваат многу пошироко и многу подлабоко отколку само во регионот на поранешниот Советски Сојуз. Пример за тоа е Западен Балкан каде што јавноста секојдневно се „бомбардира“ со дезинформации и проруска пропаганда.

Како што стојат работите, станува сѐ поочигледно дека руската страна располага со подобра пропаганда отколку со реални капацитети да ги оствари своите закани. Путин е на чело на воена машинерија со изразито офанзивен карактер, но со безброј слабости кои не ѝ даваат можност за целосна контрола на големи територии.

Имиџот на руската огнена моќ повеќе е „маскировка“ отколку реалност. Според воените експерти, руското вооружување ни оддалеку не го надминува ни кинеското, а камоли американското (Путиновата „маскировка“ и реалната (не)моќ на руската воена машинерија).

Во секој случај, руската армија е доволно голема и моќна да предизвика огромни и трагични штети. Руското оружје е издржливо и има низа предности, но не доволно за да претставува долготрајна и ултимативна закана за воените ривали.

(Пример: Наспроти големиот број слабости, еден од подобрите примери за достигнувањата на руската воена технологија е тенкот Т-72 кој на производната лента застана во 1972 година. Досега се произведени повеќе од 50.000 тенкови Т-72.)

Рускиот Т-72 (извор: Wikimedia Commons)

Извесно е дека во воен конфликт, соочена со украинската одбрана на домашниот праг, помогната и од НАТО сојузниците, руската страна би претрпела несогледливи губитоци во секоја смисла на зборот. А тоа ќе му нанесе и фатална политичка штета на студениот автократ во Кремљ. Затоа, на политичарот со покерашки студен израз на лицето му е потребен широк дипломатски, воен и „хибриден“ фронт, за да извлече што е можно повеќе од Западот, со исклучително високи влогови, во партија со крајно неизвесен крај.

Украински специјалци

Украина не се враќа во руското јато, но кои се перспективите?

Без оглед на гигантските воено-политички операции за враќање во „јатото“, Украина веќе одамна е далеку од Русија. Ако некогаш и имаше можности да ја држи под контрола, преку марионети како Јанукович, по инвазијата во 2014 и најновите закани со стоилјадна војска и артилерија, Русија ја изгуби Украина на неизвесно долг рок.

Воедно, треба да се има предвид и растечката воена моќ на Украина. Кога во 2014 година Русија изврши агресија, украинската армија беше слаба и зависеше од слабо обучените и уште послабо вооружените доброволци. Тоа беше последица од децениското запоставување што го спроведуваат руските марионетски власти.

Денес, украинската армија е модерна, добро обучена и вооружена. Само американската помош на Украина од критичната 2014 година до сега, изнесува 5,4 милијарди долари, наменети како за мирнодопски развој, така и за одбраната на земјата. За кратко време, Украина успеа да постигне високи НАТО стандарди и веќе е подготвена за членство во Алијансата, што веројатно и ќе се случи во перспектива.

Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Сепак, таа перспектива останува неизвесна. Многу „ако“ стојат меѓу сегашните состојби и украинските аспирации за слобода и евроатлантски интеграции. Зависи од исходот на сегашната криза, од воено-дипломатските преговори и спогодби кои претстојат, ако Украина се ослободи од руската воена окупација на дел од својата територија, регионалниот контекст и руската експанзија и хегемонија во други екс-советски републики… Сето тоа и многу повеќе, се бариери за чие надминување постојат безброј опречни сценарија.

Русија зависи од Украина, не обратно

Украина ѝ е важна на Русија во секој поглед – историски, политички и економски. Ако се задржиме само на економските интереси и тоа само во една категорија, може лесно да се заклучи колку, всушност, Русија зависи од Украина, а не обратно.

Половината од руските гасоводи минуваат низ Украина. Гасот кој Русија го претвори во оружје на својата деструктивна политика, нема вечно да биде брана за остри мерки против Путин. Тогаш, на Путин ќе му дојде редот да оди на сè или ништо, со други зборови, ќе стане крајно опасен.

Руските гасоводи кон Европа на украинско тло (извор: abc.net.au)

Губејќи ја Украина, единствено што му преостанува на Путин е да го прошири фронтот и да ги „изрекетира“ ЕУ и САД за отстапки на кои никој со здрав разум не би се согласил. Дури и да сака Западот да направи отстапки, не постојат услови за задоволување на руските апетити во услови на демократски поредок во делот од светот на кој Путин атакува подолго од една деценија. Сега Путин е принуден, ако сака да опстане, да се коцка со трпнието на НАТО и на Западот, за да купи време за себе и за руските олигарси. Што не е едноставно.

Европското „слепило“ низ историјата

Можеби за оние што се пречувствителни, споредбата што следи ќе звучи премногу остро, но ситуацијата во последните десетина години наликува на онаа во 30-те години на 20-от век. И во тоа време, демократскиот дел од светот со години ги затвораше очите пред растежот на нацизмот во сопствените општества, а уште повеќе пред воената експанзија на диктаторските режими во Италија и Јапонија, а набрзо потоа и на Германија (Силите на Оската) која, под јаремот на Хитлер, тргна во освојување на целиот свет.

(Видео линкови: Во 1931 година Јапонија ја нападна Манџурија. Во 1935 година Мусолини нареди инвазија на Етиопија. Во 1936 година се удрија темелите на Оската. Во 1938 година Хитлер е топло пречекан во Австрија (Anschluss), а малку подоцна, истата година, Судетската област во Чешка влезе во состав на Германија.)

Хитлер и Сталин во карикатурата на Клифорд К. Бариман во „Вашингтон стар“, 1939 година, наслов: „Се прашувате колку ќе трае медениот месец?“ (извор: Wikimedia Commons)

Тие политики на затворање на очите од едната и агресија и геноцид од другата страна, го втурнаа светот во војна со над 60 милиони жртви. Во тој период, воениот експанзионизам на Советскиот Сојуз под челичната канџа на Сталин, кој ѝ се придружи на Оската со Минхенската спогодба (1938) и Пактот за ненапаѓање (1939), некако помина под радарот на историографијата, барем онаа што беше и е под влијание на Русија.

Злокобната предност на авторитарните режими

Путин отвора и затвора воени жаришта според своја волја. Тој не подлежи на било каков облик на демократска контрола. Џојстикот на моќта е во неговите раце и тој ужива во својата неприкосновена моќ, заштитена со моќниот репресивен апарат, самиот да одлучува за војната или мирот во светот.

„Цар на Русија и Крим“, карикатура од Велеман, 2014 (Wikimedia Commons)

Неволјата со авторитарни режими е во тоа што тие секогаш имаат една, да ја наречеме, злокобна предност. Демократските држави се бавни и нерешителни кога се работи за екстремни потези во политиката, како што е војната. Одлуката за војна или мир во недемократските држави зависи од волјата на еден човек или мала група моќници кои не одговараат пред никого освен пред сопствените апетити. Или, едноставно, се помрачени умови.

Како и некогаш, така и сега, авторитарните режими имаат услови побрзо да дејствуваат, без притоа да бидат критикувани од домашните институции и  јавноста, бидејќи ги контролираат. Рецептот е едноставен и функционира одлично!

NOTA BENE

Пропагандата може да ги замагли фактите, но не може да ги избрише. Во фактите не мора да се верува, тие може да се проверат. Ни пропагандата не може да ѝ побегне на реалноста.

 


Сите права се задржани.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: војнадипломатијаКонфликтНАТОРусијаСоветски СојузУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ