„Се плашам дека ќе ни се повтори 2008, Букурешт и нова блокада“, изјави претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во „Клик Плус“.
„Се плашам дека ќе се разидат патиштата со Албанија ако не се отвори Уставот, што не е добро. Стравувам дека ќе ни се случи нов Букурешт кога Албанија и Хрватска влегоа во НАТО, а ние останавме да чекаме. Сега да се случи Албанија да го продолжи патот, а ние и натаму да останеме назад“, рече Таравари.
М. Д.