Највисоките претставници на над дваесет политички партии беа дел од четвртата јавна дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. На јавната дискусија покрај политичките партии, присуствуваа над 50 претставници на организациите на граѓанското општество, на медиуми, на граѓански иницијативи и на дипломатските претставништва и мониторинг мисии во Република Македонија.
Ставовите на сите говорници на дискусијата: жестоките критики на сметка на власта, барањето за одложување на изборите, потребата од повлекување на аболицијата на Иванов, од ослободување на медиумите и од департизација на судството, како и низа други мерки и реформи за излез од политичката криза во Македонија, можете да ги проследите на YouTube каналот на ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.
На јавната дискусија по овој редослед се обратија: Павле Трајанов – Демократски сојуз, Ивон Величковски – Либерална партија, Лилјана Поповска – ДОМ, Горан Мисовски – НСДП, Ердоган Сарач – ДНЕТ, Весел Мемеди – НДП, Агон Ферати – ДРДПА, Зулфи Адили – Унитети, Слободан Угриновски – Титови леви сили, Јанко Бачев – НДМ, Ламбе Арнаудов -ВМРО НП, Зекирија Ибрахими – Беса, Никола Бабовски – Демократски сојуз на Власите, Јове Кекеновски– ФРОДЕМ, Марјан Огњановски – Обединети за Македонија, Билјана Јовановска – ПЕП 21, Акија Мустафовски – ПЕИ, Марија Џонс – Левица, Фатон Алити – ПДП, Стојанче Ангелов – Достоинство, Зоран Заев – СДСМ.