Новиот владин кабинет има потреба од одговорни и квалификувани кадри, заклучија вчера претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, кои на средбата во партиското седиште на ДУИ во Тетово ги отворија прашањата околу распределбата на ресорите.
Како што соопшти ДУИ, Заев и Ахмети уште еднаш ги повторија приоритетите на новото мнозинство: сериозни реформи во владеењето на правото, согласно препораките на меѓународната заедница, интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, Охридскиот договор, добрите меѓуетнички односи, отворање нови работни места и економски развој на државата.
Двајцата коалициски партнери се осврнаа на предностите на аклтуелното мнозинство и се согласија околу принципите на владеењето.
„Една од предностите на владеењето ќе биде непосредната интеграција во НАТО и почнувањето на преговорите за членство во ЕУ со што, страните се согласија за сериозен ангажман кон постигнување на оваа заедничка цел“, информира ДУИ.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.