• Latest

Влатко Ѓорчев – нишај партиска врата, лапај државна плата 

January 6, 2025
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БРЗА ПОШТА

Влатко Ѓорчев – нишај партиска врата, лапај државна плата 

January 6, 2025 15:00
in БРЗА ПОШТА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Критиките дека Влатко Ѓорчев, националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси, откако доби државна функција ги заборави сопствените заложби кои ги практикуваше додека беше во опозиција, а се однесуваа на „егзодусот“ на учениците во Северна Македонија, очигледно не влијаат на докажаниот партискиот војник.

Мува не го лази националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси, ниту за демографијата, ниту за маладите ( освен ако не се работи за УМС), ниту за отпишувањето на учениците од основните и средни училишта во земјава, ниту за празните училници, ниту за критиките. Си се закачи Влатче на државани јасли, цица од буџетот кој го полнат сите граѓанки и граѓани, и си тера партиска агенда.

Национален координатор е само според изворот на неговите приходи, односно од каде прима плата, инаку називот и описот на измислената функција за „ухлебување“ на партиските полтрони би требало да биде – партиски координатор. Барем тоа може да се заклучи од активностите кои Влатче ги објавува на својот Фејсбук профил: Партиски предавања, седенки со Општински комитети, централни одбори и членството на ВМРО – ДПМНЕ.

Демир Капија – состанок со ОК и членството, Гевгелија – работен состанок со ОК и членството, Богданци – Срдечна средба со граѓаните, членството и активистите, ОК Дојран – одличен состанок и добра атмосфера, се партиските активностите на националниот координатор со државни пари. И тоа само во ноември.

Истовремено, со парите на граѓанките и граѓаните кои од буџетот се одвојуваат за платата на координаторов/вмровски активист, наводно во висина од 120.000 денари месечно, тој почнал да си тера изборна кампања за локалните избори.

Ќе победиме на локалните избори 2025, со гордост ќе изјави во Богданци додека гордо ја троши буџетската сметка.

Па после „патриотиве“ги опструирале, ги кочеле и не сакале отпочнување на преговори за членство во ЕУ. Па ваква јагма, и овци за стрижење никаде нема да најдат.


Текстот е личен став на авторот

ПРОЧИТАЈТЕ И:

Влатко Ѓорчев замолкна – откако доби функција веќе не го интересира егзотусот на учениците и празните училници

Tags: Влатко Ѓорчевдржавна платамлади и човечки ресурсинационалниот координатор за демографијапартиска агенда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ