ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спинување и дезинформирање на јавноста со тоа што ги извртуваат, сечат, лепат и монтираат зборовите на Ковачевски преку монтирани видеа за наводна „тајна среба“ со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Во последното пропагандно видео објавено пред еден ден (15.12.2022), ВМРО-ДПМНЕ грчевито се обидува да ја префрли врз Владата вината за хаосот во Скопје.
„Со градоначалничката на Скопје, сум имал состанок, тука во Владата, таен состанок со градоначалничката на Скопје“, ова се монтираните зборови на премиерот Ковачевски од прес конференција на (01.12.2022 година) кога беше запрашан „дали може да ги потврди или негира шпекулациите во јавноста дали се сретнал со градоначалничката на Скопје“.
Всушност, вистинската изјава на Ковачевски е дека никогаш не се сретанал тајно со Данела Арсовска.
„Со градоначалничката на Скопје сум имал состанок во функција на Претседател на ЗЕЛС (Арсовска – н.з.), тука во владата (на 30.03.2022 година), на кој што состанок присуствувале и членовите на УО на ЗЕЛС и таму разговаравме за сите отворени прашања и проблеми, кои што во екот на енергетската криза ги имаа општините… Имаше соопштение односно вест дека сум имал таен состанок со градоначалничката на Скопје. Не сум имал таен состанок со никого, сите мои состаноци се јавни“, вели Ковачевски.
И градоначалничка на Град Скопје, Арсовска на (15.12.2022) во гостувањето на ТВ Канал 5, демантираше дека остварила тајна средба со премиерот Ковачевски, како што обвинуваа(т) од ВМРО-ДПМНЕ.
ЦМТ