• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

ВМРО-ДПМНЕ спинува, Пендаровски не се откажал од канцеларијата, туку од претседателската пензија

September 23, 2024

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ВМРО-ДПМНЕ спинува, Пендаровски не се откажал од канцеларијата, туку од претседателската пензија

September 23, 2024 16:13
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Соочени со серијата неуспеси на надворешно политички план, неколкуте катастрофални потези, дипломатските скандали што ни ги приреди претседателката Давкова, немоќта да го остварат предизборното ветување враќање на старото име на државата, критиките за игнорантскиот однос кон баранителите, непокачувањето на платите, доцнењето со мерките за одбрана на животниот стандард на граѓаните, како и зголемувањето на криминалните активности во земјава, во обид да ги дезавуира овие негативни процеси кои земаа замав, ВМРО-ДПМНЕ го прави она што отсекогаш највеќе го знаела и го правела, да спинува и манипулира.

Така, веќе втор ден куририте ги  шират конструкциите и спиновите искажани на прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДОМНЕ Тони Јаревски, кој обвинува дека Стево Пендаровски наводно ги излажал граѓаните кога , според Јаревски, глумел скромност дека не сака да отвора канцеларија на Претседателот, туку истото ќе го направи некогаш во иднина.

Дали Јаревски има меморија на златна рипка, надополнета со медиумска неписменост, па не знае да пребара по интернет архивите на медиумите, инаку немаше да излезе со ваков спин, бидејќи ќе видеше дека поранешниот  претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 14 мај објави дека ќе се откаже од дел од привилегиите кои му следуваат согласно законот, односно, нема да ја користи доживотната пензија, но ќе користи канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет, како што изјавија тогаш од неговиот кабинет за ЦИВИЛ Медиа.

Со оваа одлука, Пендаровски е првиот претседател на државата кој се откажал, односно нема да ги користи привилегиите по завршување на мандатот, како што тоа го прават сите негови претходници. Можеби токму тоа го збунило Јаревски, навикнат на некои други претседатели кои се уште ги користат бенефициите стекнати како поранешни претседатели, како поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

Додека уште во септември 2019 година, во Пендаровски најави дека по завршување на мандатот, ќе се откаже од доживотната пензија и другите привилегии, но, и тогаш нагласи дека по истекот на мандатот, смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде како поранешен претседател би ги извршувал протоколарните активности.

Тоа што Јаревски не го разбира наводното„лицемерието“ на Пендаровски, очигедно е поради тоа  што ги помешал лончињата, или поради неинформираност, или со намера да излаже, кога јавно изјавува дека поранешниот претседател се откажал, па се премислил и веќе на 3 јуни нашол канцеларија и договорил и цена за закуп.

Дури и +инфо, долгогодишен поддржувач на партијата на Јаревски, веднаш објави демант од Пендаровски каде вели дека „Граѓаните лесно ќе заклучат кој е лицемерен. Канцеларијата ми е доделена во јуни, но сѐ уште не е уредена“.


Текстот е личен став на авторот
Tags: ВМРО - ДПМНЕдезинформацииспиновиСтево Пендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ