• Latest

ВМРО-ДПМНЕ единствена од Пржино со кандидатски листи

May 12, 2016

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ВМРО-ДПМНЕ единствена од Пржино со кандидатски листи

May 12, 2016 13:27
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Половина час пред истекот на рокот за пријавување, ВМРО-ДПМНЕ поднесе кандидатски листи во ДИК. Покрај коалицијата  „За подобра Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатски листи поднесе и Народното движење за Македонија, како што најави лидерот на оваа партија на јавната дискусија на ЦИВИЛ на 10 мај. И Социјалдемократската партија на Македонија. Со тоа ВМРО-ДПМЕН  е единствената партија од четирите најголеми партии, потписнички на Договорот од Пржино. Како што и беше најавено претходно, СДСМ, ДУИ и ДПА не поднесоа листа со предлог кандидати, што би значело дека тие нема да учествуваат на предвремените парламентарни избори закажани за 5-ти јуни.

бгбг

Кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во првата единица, ја предводи претседателот на партијата Никола Груевски. Министерот за надворешни работи Никола Попоски е прв на листата во втората изборна единица,  Илија Димовски ќе ја предводи третата изборна единица, министерот за здравство Никола Тодоров четвртата, Антонио Милошоски и овие избори ќе ја води кандидатска листа во петтата, а пратеникот Влатко Ѓорчев шестата изборна единица.

Павле Саздов е носител на седмата изборна едница во дијаспората, каде се уште официјално не се знае точниот број на пријавени гласачи, и со тоа останува неизвесно дали воопшто ќе биде исполнет цензусот и дали дијаспората ќе може да гласа.

Од актуелните министри и блиски соработници на Никола Груевски, втори на листите се министерката Елизабета Канческа- Милевска, во првата изборна единица, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во втората и Зоран Ставревски е втор на листата во петтата изборна единица.

На листата со 123 пратеници, од кои 49 се жени, а 74 мажи, не се предвидени некои од аболицираните членови на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат истраги од Специјалното Јавно Обвинителство. На листите ги нема Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков.

ДИК има рок од 48 часа по добивање на кандидатските листи за да утврди дали листата на кандидати е поднесена во законски утврдената временска рамка, и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа.

Марија Теговска

Tags: DiasporaДИКизбориизборни единицикандидатски листиПржиноЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ