• Latest
Добро утро со Орданоски

ВМРОвските удбашки пајтонџии

February 5, 2018

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

ВМРОвските удбашки пајтонџии

February 5, 2018 07:15
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]а вчерашната фотографија од состанокот на Христијан Мицковски со преостанатите коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ јас препознавам барем два-тројца прастари удбаши кои со своите минијатурни комбе-партии се влечкаат во композицијата на сегашнава опозиција триесетина години наназад. Не знам на кого му реферираат денес, но дека реферираат, во тоа немам сомневање, како што тоа уредно го правеле  откако знаат за својот политички ангажман.

Овие дребни провокатори, постојано загрижени македонски патриоти, никако да заминат во пензија, иако мислам дека променија две-три генерации на „хендлери“ од службите. Со оние, најстарите, во меѓувреме веројатно се и посватени, оти и децата им ближат средовечност. Како што му ги закачија на Љубчо Георгиевски, така „во пакет“ се прешалтаа кон Никола Груевски, а денеска, гледам, се повторно здружено седнати на асталот на Мицковски: никогаш не биле од никаква значајна корист за ВМРО-ДПМНЕ – сите заедно, ако им тргне местењето, можеби имаат стотина гласа на избори – освен што за себе и за своите, вкупно, пет-шест сопартијци си обезбедувале по некое раководно место во некаков трет ешалон на власта, секогаш кога ВМРО ќе дојдела да правителствува.

Нивната главна задача – покрај рапортирањето на службата – е да шират политички смутови и магли, да додеваат по ретките дипломатски приеми за кои којзнае како ќе добијат покана и, еднаш годишно секоја престапна година, да дадат некакво интервју во некое опскурно гласило во кое со децении не кажале ништо значајно, но потсетуваат дека се тука за никогаш да не си заминат, освен како последица на сопствената смрт.

Што ќе му се овие доодени партиски „пајтонџии“ на Мицковски? Да му ги пополнат столиците околу масата? Да изгледа друштвото поголемо, позначајно, посериозно? Вредат ли парите со кои ги покриваат колку мастилото што се троши за списокот на коалициски партии да биде подолг, наводно поимпресивен?!

Да не бидам погрешно сфатен: јас не мислам дека се тие луѓе особено штетни или неопходно зли; само мислам дека се потполно бескорисни – освен за оние за кои рапортираат; иако, ако подобро размислам, веројатно и ним одамна им го губат времето…

Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ од нив секако нема никаква корист. На Мицковски и друштвото би им било попаметно да идентификуваат некои нови конзервативни кругови во земјава – ако ги има – со модерни десничарски идеи, по можност без преголеми националистички тегавења, за малку политички да се освежат и себе и земјава.

Така, можеби, ќе дојдат до некакви нови идеи за тоа што треба да биде современата македонска десно-конзервативна опозиција, да не се сведат само на контрирање на власта, по секоја цена и за секоја тема, како што сега тоа, крајно здодевно, го прават.

Оти, на пример, кога и грчката влада сфатила дека е дојдено време за решавање на проблемот со името, и тоа под жесток притисок и за висока политичка цена што им ја наметнува грчката опозиција, глупаво е ВМРО-ДПМНЕ да биде последната што ќе сфати дека се вози на старите бандажи за нема-да-дозволиме-ова и нема-да-прифатиме-она, кога историјата се заканува да ги прегази како лепешка на друм.

Тоа и ми е зборот: во старото друштво во кое продолжува да седи новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема ништо паметно да се роди. На таа маса политиката е застаната со години, пред многу години.

Ако на еден Амди Бајрам тоа му е јасно, колку ли време ќе му треба на Христијан Мицковски тоа да го сфати?

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: ВМРО-ДПМНЕнационализамполитикаХристијан Мицковски
Share115TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ