Владата на Венецуела соопшти дека ослободила 80 луѓе кои се уапсени за време на автивладини улични протести и потегот го образложи како гест на добра волја по повод католичкиот Божик.
Тринаесет ослободени затвореници се појавија на државната телевизија, а високата претставничка Делси Родригез им посака среќен Божик, јави Би-Би-Си.
Меѓу првите кои се ослободени се Алфредо Рамос, поранешен градоначалник на Ирибарена, и професорот Карлос Перез кои во затвор поминаа повеќе од три години. Лидерот на опозицијата Леополд Лопез остана во домашен притвор во Каракас. Опозициските лидери го обвинуваат претседателот Николас Мадуро дека користи сурова тактика за да контролира опозициски лица и се залагаат затворениците да бидат пуштени во преговорите со владејачката Социјалитичка партија.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.