• Latest

Во борбата против корупцијата Владата го зголеми буџетот за правосудството за да се избегнат надворешни влијанија

December 15, 2022
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Во борбата против корупцијата Владата го зголеми буџетот за правосудството за да се избегнат надворешни влијанија

December 15, 2022 12:26
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата го зголеми буџетот и капацитетите, останува на судиите и на јавните обвинители да ја завршуваат својата обврска со интегритет, да не бидат подложни на надворешни влијанија и да се држат исклучиво до законите, порача денеска вицепремиерката за политики на добро владеење Славица Грковска на регионалната антикорупциска конференција.

Одговарајќи на новинарски прашања таа кажа дека од она што можела Владата да го направи во оваа насока, за зајакнување на правосудниот систем, како голем исчекор е направено.

– Останува на судиите и на обвинителите да ја завршуваат својата обврска со интегритет, да не бидат подложни на надворешни влијанија и да се држат исклучиво до законите и едноставно да влеат доверба во граѓаните која што за жал сега ја немаат, дека непристрасно ги носат одлуките и дека законите важат за сите подеднакво без разлика дали за политичари или бизнисмени, изјави Грковска.

Според неа не треба да постојат илузии дека корупцијата може целосно да се победи, но децидна е дека мора да се покажат видливи и конкретни резултати, да се создадат услови за владеење на правото и еднаквост на институциите.

-Мислам дека сега секој ќе полага испит за политичка зрелост. Оние кои ќе го положат ќе опстојат, а останатите, кои ќе се борат да остане статус кво состојба, ќе бидат избришани од граѓаните. Иднината на нашите општества е во прашање. Вака, како досега, едноставно веќе нема да може, порача Грковска.

Според вицепремиерката треба да се подобри регионалната соработка на земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и незаконските финансиски текови во регионот, особено во контекст на Берлинскиот процес.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека не постои во светот општество целосно имуно на корупција, но факт е дека секоја држава е различно подготвена и различно реагира на корупцијата.

Таа информираше дека од крајот на јуни минатата година кога е усвоен Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови за брзо следење на спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупцијата (УНКАК), соработката на земјите од западен Балкан е интензивирана и значајно попродуктивна. Во изминатиот период се работеше, додаде таа, на трите идентификувани приоритетни области, а тоа се транспарентност во текот на целиот циклус на јавни набавки, како и подобар надзор и отчетност во јавните набавки, на зајакнување на напорите за спречување, идентификување и управување со судир на интереси, како и зајакнување на соработката на сите нивоа преку меѓуагенциски пристап на органите за спроведување на законот, обвинителството и судството, единиците за финансиско разузнавање.

-Јас немам илузии дека корупцијата целосно ќе ја победиме, но мора веќе да имаме видливи и конкретни резултати. Мора да создадеме услови за владеење на правото, за еднаквост пред законот, за еднаквост пред институциите. Сите ние имаме обврска да ја зајакнеме довербата на граѓаните во институциите, а тоа ќе го постигнеме само ако покажеме дека со професионална, ефикасна и одговорна работа застануваме на патот на криминалот и корупцијата. Во повеќе наврати сум кажала, но и денеска ја чувствувам потребата да повторам. Промените зависат од сите нас. Зависат од граѓаните, но особено зависат од нас што сме на раководни позиции, од нас кои креираме политики, кои носиме одлуки, додаде вицепремиерката Грковска.

М. Д.

Tags: антикорупцијабуџетвладаправдасудство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ