Во акцијата на карабинерите „Робин“, што беше спроведена во италијанските градови Кунео и Салуцо, денеска се уапсени седум албански државјани кои извршиле 49 кражби во тој регион.
Во септември беше спроведена акција, при што беше уапсен еден дел од бандата, откако еден член напиша на неговиот Фејсбук профил „крадам од богатите за да им дадам на сиромашните“, непосредно пред да го фатат карабинерите. Тој е уапсен во автобус каде биле сместени и украдените предмети.
Се наведува дека уапсените имаат меѓу 30 и 38 години.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.