По вчерашната партиска средба во Мала Речица, Али Ахмети, претседателот на ДУИ, изјави дека само одредени делови од декларацијата на трите албански партии од Македонија ќе бидат вклучени во новата владина програма.
Според Ахмети, она што е преоритет за Македонија е економскиот развој и влезот во ЕУ и НАТО, точки што се опфатени и во Платформата на албанските партии, а останатите теми се подложни на јавна дискусија и не се тајна за граѓаните.
Што се однесува до распределбата на министрествата, Ахмети изјави дека промени ќе има во Министерството за здравство и во Министерството за образование. Во однос на останатите ресори, Ахмети изјави дека неговата партија ДУИ, останува, без некои големи измени, да раководи со истите министрества со кои раководеше досега.
Консултации на партиско и меѓупартиско ниво ќе продолжат, како што најави Ахмети, со цел поскоро оформување на новата Влада.