Во избирачкото место 013, во ОУ „Цветан Димов, во село Ратево во општина Берово, гласањето беше прекинато половина час од 9:30 до 10 часот, поради тоа што на кочанот со гласачките ливчиња немало бројчиња, јавува набљудувачот на ЦИВИЛ.
На избирачкото место дојдоа преставници од Општинска изборна комисија и дозволија гласањето да продолжи, откако претседателот на ИК ставил ливче во кочанот до страницата каде имало бројчиња, и од кои ливчиња ќе продолжи да се гласа без бројче на гласачкото ливче. Кочанот не е сменет.