• Latest

За два дена, два нови случаи на насилство врз жени

February 9, 2018

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За два дена, два нови случаи на насилство врз жени

February 9, 2018 15:42
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За два дена, во Македонија,  во МВР се пријавени два случаи на физичко насилство врз жени. Последните години бројот на случаи на насилства врз жената е во пораст, но паралелно се зголемува и бројот на пријавени случаи.  

На 08.02.2018 година, девојка пријавила дека дека била физички нападната од страна на нејзиното поранешно момче. Според пријавениот случај во МВР, додека седеле во возилото, момчето почнал да ја удира со тупаници девојката во пределот на главата, телото, грбот и рацете, и причина за физичкиот напад, според пријавителката, е дека не сакала да има сексуален однос со момчето, и поради тоа тој почнал да ја повредува.

Според Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, под „насилство врз жените“ се разбира како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство коишто доведува или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените.

Најчестите коментари на ваквите приказни од голем дел на луѓе се: „Па што барала таа да оди со него?“ или “Сама си го барала!“. По сè изгледа дека ни е многу полесно да ги омаловажуваме послабите од нас, наместо да им помогнеме и охрабриме. Но, она што е уште почудно е потребата да се чувствуваме посупериорни во однос на другите.

Вториот случај, исто пријавен во МВР, млада девојка пријавила семејно насилство што го извршил нејзиниот невенчан сопруг, пред гостите во нивниот стан. Тој во неколку наврати физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници. Останува прашањето, што правеле гостите во меѓувреме?

Минатата година, во Првиот семеен центар на град Скопје, 82 жени и 41 дете пријавиле дека се жртви на семејно насилство, бројка која е зголемена во однос на 2017 година.

Единствената позитивна работа кај овие случаи е што во последните години жените се охрабруваат и ги пријавуваат овие случаи во полиција. Но, сепак сè уште има многу жени кои не се одлучуваат на ваков чекор. Непријавувањето на насилството води кон опасност од негово повторување, а последиците може да бидат уште пострашни и полоши.

Во секој случај дилемата е огромна. Дали да не радува фактот дека се повеќе жени ги пријавуваат своите грозни искуства, или да бидеме тажни од фактот дека бројот на овие несакани искуства е огромен?

Ангела Петровска

 

Tags: жениМВРнасилствопријави
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ