• Latest
Добро утро со Орданоски

За вакви прасиња, нема лоша јазична помија!

March 12, 2018

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

За вакви прасиња, нема лоша јазична помија!

March 12, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]В[/dropcap]еќе со недели ја слушам општо-патетичната дебата за Законот за јазиците и сите средновековни аргументи за или против оваа регулатива, на сите можни медиумски платформи. Голема драма – дури и Владата ќе ми ти се распаѓала по тоа прашање!

Ние сме едно општество што, и со идеите и со визиите, среќно си живее во 19-тиот век, како прасиња што со муцињата весело шлапкаат во топла помија, подготвени да си се занимаваме до бескрај со прашања – како ова, за употребата на јазиците – за кои, не следната генерација, тука веќе следната година ќе ни се смеат сите оние кои живеат во времето на глобализацијата и модерната технологија којашто решава вакви простачки политички агенди пред Зијадин Села, Талат Џафери или 200-те македонски интелектуалци, на пример, и да ги смислат!

Ако доволно го привлеков вашето внимание, сега ќе ви кажам на што мислам…

Секој полуписмен Македонец и Албанец (полека, не кревајте раце одма вие во власта и опозицијата, има и други такви!) може да повели и да седне пред „чичко Гугл“ и на тастатурата да исчука (на англиски, додуша): технологии за превод на јазици.

За помалку од една секунда (во мојот случај, 0,50 секунди, поточно!), јас добив 4.860.000 одговори. Што открива светот на новите технологии?

Во овој момент постојат десетици уреди, главно помали од кутија цигари (а некои и не се гледаат, бидејќи се ставаат ВО УВО, како преведувачката риба Бабел од култниот филм „Автостоперски водич низ Галаксијата“!), кои СИМУЛТАНО – значи, да повторам, СИМУЛТАНО, во исто време додека говорите – ви преведуваат од кој јазик сакате, на кој јазик сакате! Значи, од кинески на руски, од англиски на јапонски, од шведски на турски, од португалски на грчки… Разбирате?!

Еве, на пример, пробајте го моделот “ili” на компанијата Логбар, којшто е замислен да се носи околу врат и изгледа како елегантен, малку поголем, приврзок… Или моделот „Мегафон“ на Панасоник, кој е во употреба и развој уште од 2015 година… Или моделите на компанијата SpeechTrans, кои се замислени да се носат како рачни часовници, брошеви или нараквици… Или фасцинантните модели на компанијата Пилот… Или…

За инает, овде, нема да ви откријам колку чинат овие апаратчиња, но само ќе ви кажам дека дури и нашава мизерија од економска Македонија би можела, ако сака, да набави по едно такво јазично помагало за секој нејзин државјанин! Ете, толку чинат овие уреди.

Разбирате ли што сакам да ви кажам? Значи, секоја последна „шуша“ од државен бирократ(ка) во Берово или во Прилеп, кога ќе му дојде злобната армија Албанци за да го провоцираат со барање, според закон, да им зборува на „шиптарски“ – оти, како што е познато, Албанците се доволно будали да седнат во автобуси од Дебар и од Кичево и, бидејќи немаат друга попаметна работа, да отидат јазично да ги провоцираат Македонците во Берово и Прилеп! – ќе го вклучи ова апаратче на микрофон и – комуникацијата, со симултан превод на албански или на македонски, може веднаш да започне!

(Па, се разбира дека има и компјутерски програми кои целата таа комуникација, ако ви треба, ви ја вадат испечатена, а може и веднаш, покрај македонскиот и албанскиот, преведено на норвешки или на шпански, ако баш сакате!)

Следното логично прашање е: зошто нашите влади не носат одлуки за давање на државни субвенции, на домашни и странски компании, за вакви идеи, туку даваат стотици милиони евра само за тутуноберачи, воло-терачи и други „серачи“? Зошто Македонија да не биде заинтересирана за уште подобро хардверско и софтверско усовршување на оваа технологија, специјално за потребите на македонската мултијазична државна администрација?

Ете, можеби за ваква специјализирана технологија би можеле да станеме некаков мал, но релевантен центар во светот, со нешто да придонесеме за подобрата иднина на оваа избербатена човечка цивилизација!

Оти, со „надалеку прочуените“ македонски пиперки и домати, а ајварот и да не го спомнувам, видовме до каде се стигнува, така?

Ајде, сега, мирно продолжете си ја жолчната расправа за Законот за јазиците, се извинувам што малку ви попречив околу помијата, за тоа навистина вреди и за гуша да се фатиме!

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: апаративлададрамазакон за јазиципомагаларасправатехнологија
Share525TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ