• Latest
Марјан Забрчанец

Забрчанец за „Отворен Балкан“: Се чека пратениците да кажат „да“ за да почне да функционира слободниот проток на работна сила и услуги

February 12, 2023
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Забрчанец за „Отворен Балкан“: Се чека пратениците да кажат „да“ за да почне да функционира слободниот проток на работна сила и услуги

February 12, 2023 12:15
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Марјан Забрчанец

Марјан Забрчанец

Share on FacebookShare on Twitter

За активирање на економската мерка со која ќе се овозможи слободно движење на пазарот на трудот, слободно движење на луѓе и услуги во бизнис секторот, потребно е уште да се помине филтерот на пратениците, кажа Марјан Забрчанец координатор за Отворен Балкан, во вчерашното издание на емисијата Стадион на Канал 77.

„Оваа мерка се однесува на бизнис секторот, приватните компании, не за државниот сектор. Тоа значи дека ако до сега за да одредени граѓани на Албанија или Србија работат во нашата земја, треба да аплицираат, да подготвуваат и поднесуваат документи, да бараат работна дозвола, да чекаат да поминат еден куп бирократски и административни мерки и обратно и од нашата земја ако некој сака да работи онлајн за албанска или српска компанија а притоа таму да добива плата и таму да биде пријавен пензиско и здравствено, повторно мора да минува по истите постапки. Сега со оваа мерка нема да има потреба од вадење на работни дозволи. Преку софтверите на Агенцијата за вработување (постои софтвер позадински), тие се веќе вмрежени меѓу трите земји, се вади идентификациски број на секој граѓанин од Отворен Балкан. Со тоа бројче фактички ве препознаваат системите на трите земји и веднаш можете да стапите во работен однос, се разбира ако ве ангажира некоја компанија,“ образложи Забрчанец.

Оваа мерка е возможна како резултат на потпишаните два  меѓународни договори меѓу две држави. Едниот договор се однесува на пазарот на трудот а другиот околу идентификацискиот број.

„Кај нас за да стане правосилен тој договор треба да биде ратификуван во Собранието. Имаше извесно кочење и блокирање од страна на опозицијата, конкретно од Комисијата за надворешни работи, меѓутоа таа пречка е надмината и сега тој договор е стигнат на Пленарна седница и се очекува час поскоро сите 120 пратеници, кога ќе дојде точката на ред, да гласаат со  „да“ ,“ вели Забрчанец.

Додава дека веќе е потпишан и договор за меѓусебно признавање на дипломите меѓу трите земји од Отворен Балкан, а таков договор за признавање е потпишан и меѓу земјите од Западен Балкан.

Потпишан е и договорот за Фондот за филм, кој ќе значи вмрежување на копродукциите на Албанија, Македонија и Србија  и заедничко аплицирање до ЕУ Фондовите. Влезот на Косово во Отворен Балкан, Забрчанец смета дека ќе зависи од решавањето на ситуацијата меѓу Србија и Косово, додека Црна Гора веќе е на чекор до приклучување, зошто бизнисот тоа веќе го бара.

Извор: фронтлајн.мк

Tags: инвестицииМарјан ЗабрчанецОтворен Балкан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ