Цивил организира панел дискусија на тема „Меѓу национализмот и ЕУ“, утре, четврток 28 јули, со почеток во 11 часот, посветена на говорот на омраза и националистичките наративи во политичкиот живот и на социјалните мрежи во Северна Македонија во контекст на отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.
Ова е најново издание од серијата јавни настани под заеднички наслов „Зад димната завеса“. Настанот ќе се емитува во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутуб.
Учесници на панелот ќе бидат Бобан Карапејовски, Александар Николиќ Писарев, а ќе се проследи и изјава на професорот д-р Људмил Спасов. Настанот ќе го модерира Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
Панел дискусијата е дел од проектот „Зад димната завеса“ со кој ЦИВИЛ спроведува медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата. Проектот се фокусира на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за нашата земја.