И на крајот, но не и најмалку важно… Сите заедници се составени од индивидуи! Тоа мора да се препознае и признае, еднаш засекогаш. Живееме во заедници, но ние сме индивидуи. Само општество во кое индивидуите се препознаени и третирани еднакво и како посебни ентитети може да биде шаренолико и успешно. Во спротивно, ќе имаме тоа што и до сега го имавме, само малку постабилно ако на власт се прогресивни ентитети и ќе паѓаме кога на власт би дошле фашизоидна и криминална структура.
Џабир Дерала
– цитат од колумната „Едно општество за сите, ама за сите!“, објавена на ЦИВИЛ МЕДИА, 5 август 2020 година.