• Latest

Заев: Вистински патриоти се тие што обезбедуваат иднина за граѓаните

May 30, 2018

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Вистински патриоти се тие што обезбедуваат иднина за граѓаните

May 30, 2018 11:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Чекориме кон НАТО и ЕУ, решаваме спорови, го јакнеме идентитетот. Владата на РМ ги продолжува  разговорите со Грција, порача денеска премиерот Зоран Заев денеска пред Владата во присуство на сите министри на прес-конференцијата со која се одбележа една година од работењето на Владата.

– Никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народа никогаш не било поголемо. Македонскиот јазик е потврден, нашиот идентитет е потврден, не е лесно ова прашање, но на Македонија и треба лидерство за да чекори напред, а не само празни зборови, рече Заев.

Нагласи оти за името ќе има референдум, на кој граѓаните ќе го имаат конечниот глас.

– Вистинските патриоти денеска се тие што им обезбедуваат иднина на граѓаните на Македонија по решавање на спорот за името. Македонија станува членка на НАТО. Решаваме 25-годишен спор, кој земјата ја влечеше надолу, додаде Заев.

Премиерот нагласи дека во името на граѓаните Владата се вложила да направиме промени и „една година подоцна велиме дека зад нас е една година на промени, со кои Македонија ја градиме да биде земја за сите граѓани“.

– Ја кренавме РМ како отворена, праведна, стабилна земја, земја на можности која почива на пет столба, додаде Заев.

Појасни дека тоа се столбовите на економски раст, реформите, услужни институции, едно општество за сите и стратешките интереси – членство во ЕУ и НАТО.

– Триста шеест и пет промени во 365 дена, а секој ден Македонија се менува на подобро, нагласи Заев.

Премиерот рече дека Македонија стана земја на економски раст.

– Градиме држава по европски правила, се грижиме да има квалитетна услуга за сите граѓани. Носиме промени и ја градиме РМ како едно општество за сите, едно семејство за сите. Македонија е земја во која сите граѓани се од прв ред. Решаваме спорови и при тоа го јакнеме идентитетот, порача Заев. 

Напомена дека со мерките на Владата 90 илјади граѓани денес земаат поголема минимална плата, најмалку за две илјади денари, а просечната плата е повисока за 5,6 отсто во споредба со лани.(МИА)

Tags: ЕУЗоран ЗаевмеркиНАТОреформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ