• Latest

Загриженост во Грција, зголемен број на новозаразени од КОВИД-19, а намалено темпото на вакцинација

August 15, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Загриженост во Грција, зголемен број на новозаразени од КОВИД-19, а намалено темпото на вакцинација

August 15, 2021 14:09
in ВЕСТИ, КОВИД-19, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грчките епидемиолози се крајно загрижени за секојдневното зголемување на бројот на нови случаи на КОВИД-19, кој во изминатата седмица се искачи на над 3.000, но и за намалениот број вакцинирани, како и за веројатноста бројот на новозаразени дополнително да се зголеми по враќањето на граѓаните од летните одмори, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците добиени од Националната организација за јавно здравје, за една седмица регистрирани се 22.471 новозаразени, а починаа 143 лица, наспроти втората седмица од јули кога за седум дена имаше 16.000 нови случаи и 50 починати.

На 14 јули, 135 пациенти беа приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, од кои само тројца на возраст до 39 година, а вчера, еден месец подоцна, бројот на лица приклучени на апарати е за 100 повеќе, односно 236, од кои едно е дете, а 14 на возраст од 18 до 39 години.

Паралелно, во текот на минатиот месец, дневно аплицираните вакцини се движеа од над 70.000 до 94.000, а во текот на август, овој број почна секојдневно да се намалува на 23 до 30 илјади.

-Бројот на вакцинации значително се намали во август. И, се разбира, тоа има влијанија. Влијае не само на ширењето на вирусот, туку влијае и на хоспитализациите, на приклучените на апарати и за жал на смртни случаи, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во четвртокот за време на прес конференцијата.

Упати апел невакцинираните веднаш да се имунизираат, а истото континуирано го споменуваат и епидемиолозите во Грција, но и повикуваат да се почитуваат мерките, како што се дистанца и маски, нешто што се чини дека тешко се спроведува по тесните сокачиња на дел од островите.

Повеќе популарни летни дестинации во Грција, како што се дел од Кикладските острови имаат висок процент позитивни случаи во однос на направени тестови, па затоа препораките се невакцинираните што се враќаат од одмор да бидат особено внимателни.

Професорот епидемиолог и член на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство Гикас Мајоркинис, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ рече дека особена загриженост предизвикува непочитувањето на мерките за време на ноќните забави на туристичките дестинации.

Островите Наксос, Парос, Родос, Миконос и Крит се во фокусот на епидемиолозите со оглед на тоа дека имаат од 3,6 до 5,3 отсто позитивни случаи од направени тестови.

Наксос е со највисок процент 5,32 отсто, а градовите Ханија и Ираклио на Крит веќе се во црвената зона со воведени рестриктивни мерки.

Со оглед на тоа дека денеска во Грција се прославува Голема Богородица, што важи за период кога Грците масовно ги напуштаат урбаните средини и заминуваат на некоја од туристичките дестинации, предупредувањата се дека по враќањето, можно е дополнително зголемување на новите случаи на Ковид-19 во земјата.

Директорот на Одделот за интензивна нега во солунската болница „Папаниколау“ Никос Каправелос, говорејќи за телевизијата „Мега“, предупреди дека со брзото ширење на мутацијата Делта, во септември и октомври може дневно да има до пет или десет илјади новозаразени.

Од почетокот на пандемијата во Грција потврдени се 535.237 случаи, а починаа 13.206 лица.

Заклучно со вчера, во земјата се аплицирани 10.988.409 дози од вакцината, 5.838.557 лица примиле најмалку една доза, а 5.504.723 граѓани се целосно вакцинирани.

Ова предизвикува зголемена загриженост за ситуацијата со КОВИД 19 пандемијата во Република Северна Македонија, имајќи предвид дека голем број нејзини граѓани летуваат во туристичките капацитети во соседна Грција.

Tags: вакцинацијаГрцијаКОВИД-19
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ