• Latest

Заокружување на процесот на интеграција

April 4, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заокружување на процесот на интеграција

April 4, 2018 14:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Денот на НАТО, 4 Aприл, денеска во Воениот музеј беше одржана трибината „НАТО и Ти“, организирана од Министерството за одбрана, во координација со АТА Македонија, НАТО – Канцеларијата за врски во Скопје и Амбасадата на Хрватска во Македонија.

На трибината учествуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на САД, Џес Бејли, хрватската амбасадорка Данијела Баришиќ и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, морнаричкиот капетан Горазд Бартол.

Воведни обраќања имаа и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, претседателот на АТА Македонија и советник за НАТО на премиерот, Исмет Рамадани, како и претседателот на светската АТА организација, професорот Фабрицио Лучиоли.

Меѓу вредностите на НАТО, Стево Пендаровски ја издвои слободата на медиумите која ја уживаат граѓаните во државите – членки на Алијансата.

„Државите кои се во НАТО со години важат за држави кои имаат најслободни медиуми. Таму добивате информација, таму не добивате пропаганда… Концептот на човекови слободи и права нам ни е особено важен. Индивидуалната одговорност е клучот на современиот свет за развој, ние мораме да ја усвоиме вистински таа вредност“ изјави Пендаровски. Тој додаде дека штом чекаме две децении да влеземе во НАТО, мора да имаме сериозни причини за тоа.

„Ние како мала држава го имаме тој синдром на безбедносен дефицит, не можеме самите со домашни, автономни сили да се одбраниме од каква било закана“, додаде Пендаровски.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, потсети дека Македонија сака и може да биде членка на НАТО, бидејќи се работи за еден од најуспешните сојузи во историјата на човештвото.

„Половина од светската моќ е НАТО, половина од воената моќ е исто така – НАТО. Воената моќ не значи дека Алијансата има капацитет за напад, но значи дека има моќ која што и гарантира колективна безбедност и колективна одбрана“, изјави Шекеринска.

Таа додаде дека тоа не се единствените причини поради кои Македонија сака да влезе во НАТО.

,Ако ги погледнете листите на земји со највисок квалитет на живот, ќе видите дека од првите 10, во секоја листа – 8 се членки на НАТО. Една е партнер на НАТО, а една опкружена со земји членки на НАТО. И тоа покажува зошто граѓаните дури и оние кои многу не се занимаваат со прашањата на одбрана, инстинктивно велат – да. На земја како Македонија со минато, со предизвици, со ризици кои што ги почувствува на сопствена кожа, НАТО и дава шанса плус, да развива економија релаксирана од безбедносни ризици“, додаде Шекеринска.

Американскиот амбасадор, Џес Бејли, изјави во споредба со минатото, најголемата разлика е дека Македонија може наскоро да влезе во НАТО.

„Што значи членството во НАТО за Македонија и нејзините граѓани? Тоа значи дека ќе бидете сојузници, а не партнери, соседи со останатите членки. Алијансата е сојуз што се заснова на почитување на човековите права и слободи, демократијата и владеењето на правото“, додаде Бејли.

Хрватската амбасадорка во Македонија, Данијела Баришиќ, изјави дека пред девет години кога Хрватска станала членка на НАТО, околностите биле поинакви од денес. Во тоа време, кога Хрватска го поминувала истото како и Македонија сега, тие имале политички консензус, и сите политичките партии сакале Хрватска да влезе во НАТО. „Политичката и економската стабилност се нешто по што првично беше оценувана Хрватска на патот кон НАТО, а не по модернизацијата на воените сили“, додаде Баришиќ. 

До 13 aприл ќе се одвива и „НАТО недела“, која опфаќа повеќе настани кои имаат за цел да дадат поинаква димензија на НАТО и стратешката определба за членство во Алијансата да се приближи до граѓаните.

„Во текот на неделата граѓаните ќе имаат можност подобро да се запознаат со концептот на организацијата. Клучната цел е високи претставници, одлучувачи, дипломати, претставници на вооружените сили и цивилен персонал вклучен во процесот на Евроатлантскиот процес на интеграции да стапат во непосреден контакт со граѓаните и да ги потенцираат конкретните придобивки на просечниот граѓанин и начинот на кој што нашето секојдневие ќе се промени со пристапување кон Алијансата“, стои во планот на организаторите.

 

Текст и фото: Ангела Петровска

Tags: алијансаДанијела Баришиќден на НАТОМакедонијаНАТОНАТО неделаРадмила ШекеринскаСтево ПендаровскиХрватскачленствоЏес Бејли
Share36Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ