Според грчкото министерство за внатрешни работи, околу 90.000 луѓе демонстрираа во Солун против решение на спорот со името кое би го вклучувало терминот Македонија.
Според неофицијални податоци, демонстрантите запалиле една зграда во центарот на Солун, на булеварот на армијата (Страту). Во зградата живееле левичари и анархисти во комуна. Според неофицијалните извори, целта на подметнувањето на овој пожар е да се заплашат левичарите да протестираат во полза на компромисно решение на спорот со името. Не е познато дали има жртви од пожарот.
Протестите длабоко го поделија грчкото општество и црквата. Во моментов, се случува раскол во грчката црква. Наспроти повикот на архиепископот Иеронимос во чија јурисдикција е целата грчка црква, митрополитот Антимос отворено ги поддржа денешните протести во Солун.
Александрос Стаматиу
специјално за ЦИВИЛ Медиа
(Авторот е фоторепортер од Грција)