• Latest

Започна официјалната кампања на кандидатите за шеф на државата

April 4, 2024

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Започна официјалната кампања на кандидатите за шеф на државата

April 4, 2024 10:57
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатите за шеф на државата стартуваат со изборните каравани. Секој со своја програмa и со ветувања дека ќе обединуваат, влегуваат во трка за прибирање што повеќе гласови. Копја на терен, ќе кршат седум кандидати за фотељата во вила Водно.

На овие избори ќе учествуват актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, а потоа Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска од „Левица“, Арбен Таравари од коалицијата „ВЛЕН“, Бујар Османи од коалицијата „Европски фронт“, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, и Максим Димитриевски од „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“.

Претседателот на државата Стево Пендаровски ја почнува кампањата за втор мандат со вечерен митинг во Прилеп во 20 часот. Претходно, Пендаровски ќе ги посети Кривогаштани и Крушево.

Со слоганот „Македонија повторно твоја“ кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Сиљановска-Давкова ја почнува кампањата со митинг пред зградата на Владата.

Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски од Крушево ќе ја почне кампањата за претседателските избори. Караванот ќе заврши во Струмица на 22 април. Слоганот на кампањата е „Максимум за Македонија“, а програмата ќе биде именувана како „Манифест за Македонија“.

А кандидатот за претседател на коалицијата Европски фронт, Бујар Османи најави дека на пладне ќе одржи прес-конференција пред претседателската вила кадешто се очекува да даде пораки. Ова коалиција на овие избори ќе трча со слоганот „Не на Русија, Да за Европа“. Од друга страна кандидатот за претседател од коалицијата „ВЛЕН“  Арбен Таравари најави засилена кампања по рамазанските пости.

Во Струмица вечерва, Ванковска, заедно со лидерот на Левица и носител на ИЕ 1,  Димитар Апасиев, и носителот на ИЕ 4, Сашко Јанчев ќе се обратат во Домот на културата „Антон Панов“.

Коалицијата „Храбро за Македонија“, предводена од ГРОМ, ПЦЕР и ИНТЕГРА го промовираше Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ, за кандидат за претседател на Северна Македонија на претседателските избори. Јакимовски најави дека неговата кампања ќе оди во две насоки – реформа на Судскиот совет и Уставниот суд, како и развој на наменското производство.

Претходно шест од вкупно седум кандидати за претседател на државата на 2 април потпишаа Кодекс за фер и демократски избори во Државната изборна комисија. Кодексот не го потпиша само кандидатот Стевчо Јакимовски од партијата ГРОМ. Содржината на Кодексот е кандидатите да ги почитуваат сите закони, да не користат говор на омраза со цел избоите да бидат спроведени успешно и фер, за што ќе се залага и Државната изборна комисија.

Согласно редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче за претседателски избори, под број еден е кандидатот на СДСМ – Стево Пендаровски. Број два е кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, број три е кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Под број четири е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, под број пет е Билјана Ванковска-Цветковска, кандидат на Левица. Под број шест е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и под број седум е кандидатот на ЗНАМ – Максим Димитриевски.

На 24 април ќе се одржи првиот, а на 8 мај вториот круг претседателски избори заедно со парламентарните избори, први што ќе се одржат во редовен термин од 2006 година.

На 22 април завршува изборната кампања за претседателските избори

Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава официјално започнува денеска а ќе трае до 24 часот на 22 април.

Според роковникот што го усвои ДИК, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 18 април до 24 часот.

Од Државната изборна комисија информираа дека за изборите за претседател на државата што ќе се одржат на 24 април запишани се 1.814.317 избирачи, додека за парламентарните избори закажани за 8 мај запишани се вкупно 1.815.350 избирачи во Избирачкиот список.

Што е изборна кампања?

„Изборна кампања е јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми во предизборниот период за одреден вид на избори“, стои во појмовникот во член 2 на Изборниот законик.

Понатаму, во член 69-а, Законикот подетално ја дефинира кампањата како: „Јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми“.

Назми Абдурахмани

Tags: Арбен ТаравариБујар ОсманиГордана Силјановска-ДавковаСтево Пендаровски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ